НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марфи: Бугарија не смее да застане на патот на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ

0
By Ivana on February 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Катастрофа е ако не можеме да обезбедиме напредок и дозволиме Бугарија да застане на патот на Северна Македонија кон Европа, изјави денеска демократскиот сенатор од Конектикат Крис Марфи на сослушување за Западен Балкан во Сенатската комисија за надворешни работи.

Тој побара САД да одиграат активна улога во процесот на преговорите меѓу двете држави, како и да и стават јасно до знаење на Бугарија дека е во нејзин интерес, како балканска држава, да осигура дека има пат кон ЕУ за С Македонија и Албанија, јави денеска Гласот на Америка.

-За мене е катастрофа ако не можеме да покажеме напредок кон Европа. И зошто би дозволиле една држава да застане на патот?, рече Марфи и го праша специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан Габриел Ескобар, што САД би можеле да направат повеќе за да се тргне бугарското вето, и дали разговорите меѓу двете нови влади ќе дадат резултати.

– И Бугарија и Северна Македонија се наши ценети сојузници во НАТО. Отсекогаш била наша надеж дека тие можат да ги решат нивните разлики преку конструктивен дијалог и преговори во добра волја. И двете нови влади ни дадоа гаранции дека тоа се случува, и затоа ние го поддржуваме тоа и се надеваме дека може да дојде до заклучок во разумен период, одговори Ескобар.

Ескобар, претходно, нагласи дека „Северна Македонија и Албанија направија значајни реформи и платија висока цена и заслужуваат да напредуваат во процесот на пристапување“.

Тој рече и дека САД се обидуваат да осигураат балканските држави да останат стабилни и заштитени од какво било злонамерно влијание од Русија и Кина.

-Она што Русија се обидува да го постигне, е да создаде ранливост во евроатлантскиот простор. Тие најдоа партнери во одредени земји кои се подготвени да помогнат во унапредувањето на тие цели за да не` оддалечат од други прашања, рече меѓудругото Ескобар.

Истакна дека американскиот долгогодишен дипломатски ангажман ја поддржува целосната интеграција на Западен Балкан во евроатлантските структури.

– Посилен Балкан, интегриран во силна Европа, значи посилна трансатлантска заедница, додаде Ескобар. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.