Република Италија може да даде значителен придонес во имплементирањето на политиките за добро владеење со споделување на своите искуства во таргетираните области и поддршка на клучните реформски процеси во правец на просперитет на земјата.
Ова беше заклучено на денешниот состанок на вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска и амбасадорот на Република Италија во земјава Андреа Силвестри.
Вицепремиерката Грковска, како што соопшти владината прес-служба, се заблагодари за искреното пријателство и големата поддршка што Република Италија ѝ ја дава на Република Северна Македонија во евроинтегративните процеси и искажа решеност за продлабочување на соработката. Амбасадорот Силвестри потврди дека останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во земјата, со акцент на владеењето на правото, дигитализацијата и професионализацијата на институциите. Вицепремиерката Грковска уште еднаш ја потврди својата посветеност на досега зацртаните стратешки цели за добро владеење во државата, со фокус на владеењето на правото и јакнењето на независни транспарентни и функционални институции кои ќе испорачуваат резултати на граѓаните.