Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прекинат протестот на матичните лекари, договорена соработка со Министерството за здравство

0
By Ivana on February 18, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 18, 2022 17:21

Министерството за здравство и Здружението на приватни лекари се договориле во најскоро време, во рок од недела до две да бидат формирани работни групи и чекор по чекор да се започне со конкретно решавање на работите и утврдување на приоритетите.

-За медицинските тимови од примарната здравствена заштита кои имаат помалку пациенти и евентуално дополнително да се направат и нови тимови во помалите населени места и во руралните средини, треба да се обезбеди минимална загарантирана плата и за медицинската сестра и за матичниот лекар, за да се спречи одлевањето на кадрите и затворањето на амбулантитите, изјави попладнево заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски по средбата со претседателот на Здружението на приватни лекари д-р Лилија Чолакова Дервишова и претседателот на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова. На средбата присуствувал и министерот за здравство Беким Сали.

Рендевски истакна дека на средбата како Министерство за здравство ги увиделе и забелешките и ситуацијата која ја имаат лекарите од примарната здравствена заштита. Во овој изминат период со оглед на актуелниот проблем, посочи, имавме постојана комуникација со министерот за здравство и претставниците на Фондот за здравствено осигурување.

– Тоа што го увидуваме од самата ситуација во примарната здравствена заштита, точна е забелешката на д-р Дервишова дека навистина имаме од 1463 медицински тимови од примарната здравствена заштита речиси 500 или една третина реално се на работ на егзистенција, практично добиваат едвај загарантирана минимална плата за тимот доктор, сестра и токму во тој сегмент ќе гледаме колку што е можно побрзо да придонесеме да останат и мотивирани овие тимови со нивните работни обврски во интерес на пациентите, рече Рендевски.

Од друга страна, потенцира, и оние амбуланти, приватни здравствени установи кои подобро финансиски работат и кои имаат вработени два или три дополнителни медицински тимови, за да немаме нерамномерно плаќање од сопственикот на установата и кај нив исто така за вториот или третиот да биде обезбедена минимална загарантирана плата и за лекарот и за сестрата, да има рамномерност и унифицираност во исплатата.

– Заеднички ги разгледавме и одредени казнени мерки кои претходно матичните лекари се жалеа дека се изрекувани од Фондот за здравствено осигурување. Во текот на денешниот ден имавме состанок со дел од менаџерскиот тим на Фондот, значи ќе се гледа во иднина за некои помали административни грешки да не одат парично, туку да одат во форма на опомени, така што во иднина ќе имаме и други подобрувања со работните групи и сметаме дека ќе излеземе во интерес на пациентите и да се зачува достоинството на белиот мантил, додаде Рендевски.

Д-р Чолакова Дервишова истакна дека протестот ќе биде прекинат и очекува тоа што било кажано на средбата да се исполни, а во спротивно имаат и план Б. Лекарската фела проблемите треба да ги решава на маса, посочи таа и додаде дека алармирале за ваквата ургентна состојба и да ги зачуваат здравствените установи во малите места, затоа што тоа е многу битно за народот кој живее во нивна околина.

– Од првиот настап на заменик министерот видов дека се работи за човек од акција кој зборовите би требало да ги претвори во дела. Денеска ни беше прва средба, ги сфати сите проблеми, има позитивен став. Се видовме и со министерот за здравство. Ги пренесов сите проблеми на целокупното приватно здравство. Тука е режимот на пропишување, казнената политика, опстанокот на малите амбуланти, основен пакет за да можеме да направиме поквалитетно здравство и да пренесеме поголем дел од функциите на примарното здравство, секундарното да го растовариме, терциерното да се занимава со наука, навистина да го задржиме дигнитетот на докторот, да биде среќен и задоволен здравствениот работник, рече д-р Чолакова Дервишова.

Потенцира дека апелирала до заменик-министерот да се почне веднаш со работни грипи, да има претставници и инсистираат заедно со Лекарската комора, во нив да има човек кој ги разбира и има позитивен став кон нивните барања.

– Околу Законот за здравствена заштита и пациенти на ПЗУ со министерот исто така инсистирав да се има јавна расправа, а тоа беше договорено и со претходниот министер. Бараме континуитет да има во нештата, како се менуваат министри и директори да не се тапкаат во место сите нешта, туку да има придвижување напред во интерес на задоводлни здравствени работници, медицински сестри и навреме прегледан народ и до брза дијагноза во интерес на нашите пациенти, додаде д-р  Чолакова Дервишова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.