Директорот на јавното градско претпријатие за „Водовод и Канализација – Скопје “, Златко Перински во гостување во Утрински Брифинг, настапи со уверување дека нема да побараат покачување на цената на водата и дека иако има предизвици со кои се соочува претпријатието, тоа истите нема да ги надминува преку повеќе пари што евентуално би легнале на сметката на претпријатието преку корекција на цената на водата.
Воедно , Перински апелира до граѓаните да ја искористат можноста за исплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање и на рати која завршува на 15 март 2022. Имено во овој период , информирал Перински дека била донесена нова одлука за зголемување на бројот на ратите на кои можело да се склучи договор за исплата, со што домаќинствата можат да склучат договори до најмногу 48 рати, а правните субјекти до најмногу 24 рати во зависност од висината на долгот. Ваквата мерка давала резултати при што досега биле склучени околу 115 договори во вредност од околу 8 милиони денари.
Фокусот на претпријатието во наредниот период ќе било насочено кон изведување акции за детектирање и санирање на местата каде имало најголеми губитоци на вода и тоа се со цел на заштита на водоснадителниот систем, но и на заштита на природниот ресурс, водата која врз основа на својот квалитет е на второ место во Европа, веднаш зад Виена, изјавил Перински за Утрински Брифинг , стои во соопштението на ЈП Водовод и Канализација – Скопје.