Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа на „Би-Би-Си“: Пет причини зошто Путин можеби нема да ја нападне Украина

0
By Sashko on February 21, 2022 ВЕСТИ
Фото: rferl.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 21, 2022 23:07

Русија распореди повеќе од две третини од своите воени сили долж границата со Украина. Преку викендот требаше да повлече 30.000 војници од Белорусија, но тие сè уште се таму.

Во двaтa украински сепаратистички регионa доаѓа до насилство. НАТО не дава знаци дека ќе ги исполни барањата на Русија , а дипломатијата досега не успеа да резултира со повлекување на руските војници, пишува „Би-Би-Си“ во својата анализа за и околу Украина, особено во вечерашното потпишување на указ од Путин за признавање на Доњецк и Луганск како независни држави, пренесува индекс.хр.

Рускиот претседател ги призна проруските бунтовнички територии, т.н. Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск, како независни држави. Западните челници и раководните луѓе на нивните разузнувачки служби го запалија алармот, тврдејќи дека Путин веќе издал наредна за инвазија на Украина.

Сепак, пишува „Би-Би-Си“, постојат причини поради кои Русија, можеби, нема да ја нападне Украина, во смисла на започнување на вистински воен конфликт. Ова се некои од нив според британскиот сервис:

Ќе има пролевање на крв

Во случај на руска инвазија, Украина ќе одговори на нападот, барем на почеток. Иако нејзините воени сили се значително послаби од руските, тоа не значи дека ќе нема жртви на двете страни.

Ако Русија отпочне инвазија од поголеми размери, со намера со сила да ги заземе поголемите градови како Киев, Харкив и Одеса, тогаш тоа би можело да доведе до долготрајни борби на улица во кои Украинците би биле на домашен терен.

Путин би можел да загуби популарност

Неодамнешната анкета спроведена меѓу помладата генерација на Руси покажа дека мнозинството од нив се противи на војна со нивниот сосед. Тоа што голем број на Руси и на Украинци би загинале во војна која е последица на изборот на Путин, ќе нема добри последици по неговата популарност меѓу руските граѓани.

Санкции на Западот

Тежината на санкциите што Западот би можел да ги насочи кон Русија ќе зависат од тоа колку земјата ќе влезе длабоко на територијата на Украина. Без оглед колку западните челници ќе говорат за усогласено дејствување на НАТО, Германија и Унгарија, кои во голема мера зависат од рускиот гас, не се дотолку агресивно настроени кон решавање на ситуацијата колку што, на пример, е Велика Британија.

Но, санкциите, сепак, би задале силен удар на релативно слабата руска економија, особено ако земјата се отстрани од SWIFT, мрежа на висока сигурност која поврзува илјадници финансиски институции ширум светот.

Отстранување на Русија од финансиските SWIFT институции ќе го направи, речиси, невозможно праќањето на пари во земјата или од неа, што ќе предизвика шок за руските компании, особено за купувачите на нафта и гас деноминирани во американски долари.

Висока политичка цена

Кога Русија го анектира Крим во 2014 година, со години беше соочена со меѓународни критики. Истото би следувало и за инвазија на Украина, со таа разлика што работите сега би биле полоши.

Дури и Кина, руски стратешки сојузник, предупреди на тој проблем.

Треба да се заштити суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на секоја земја. Украина не е исклучок, рече кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји на безбедносната конференција во Минхен.

Американскиот сенатор Крис Марфи смета дека Путин не се наоѓа во баш добра позиција и дека е „потенцијално катастрофалната инвазија на Украина е негова опција“. Марфи верува дека по 2013 година, украинскиот народ јасно стави до знаење дека повеќе не сака да биде под руска водство и дека таква воена присила би ја уништила руската економија, па можеби дури да резултира со детронизирање на Путин.

Путин веќе го кажа своето

Од перспектива на Путин, НАТО по Студената војна се согласи да не се шири кон истокот на Европа, поточно кон руските граници. Но, досега три членки на поранешниот Варшавски пакт се придружија на Алијансата и дека истото тоа може да се случи со Украина, ја дигна Москва на нозе.

Путин никако не сака да дојде до тоа. Две суштински барања на Русија и натаму се неисполнети – ветувањето дека Украина никогаш нема да ѝ биде допуштено да се придружи на НАТО и западниот воен сојуз да ги повлече сите свои сили од земјите кои станаа негови членки по 1997 година.

Русија јасно стави до знаење дека нема да толерира нејзината соседна земја Украина да стане дел од НАТО и од Европската Унија. Путин, со своите досегашни постапки, јасно истакна дека ќе стори се да не дојде до тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.