НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Се наоѓаме во посензитивен период во разговорите со Бугарија и дијалогот продолжува на ниво на експерти и политички групи

0
By Ivana on February 22, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се наоѓаме во посензитивен период во разговорите со Бугарија и дијалогот продолжува на ниво на експерти и политички групи. Целта е ова прашање да биде затворено еднаш засекогаш и да не ни се отвора повторно преку сеопфатен документ којшто би бил протокол или декларација, каде ќе се ставаат сите документи важни за сите страни, рече вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Динамиката на новиот пристап во разговорите со Софија продолжува и оваа недела со средба на работната група за евроинтеграции и со состанокот на експертско ниво меѓу двете министерства за надворешни работи, што ќе се одржи утре во Скопје.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, пак, вчера објави дека никој нема да ги спречи него и македонскиот премиер Димитар Ковачевски да напредуваат во односите меѓу Софија и Скопје.

Османи, на брифинг со новинарите, рече и дека португалскиот предлог останува се уште важечкото решение по кое што се разговара. – Ние сакаме да го затвориме ова прашање еднаш засекогаш и да не ни се отвора повторно. Ниту сакаме ова прашање да го решаваме во парчиња, туку да имаме еден сеопфатен документ што би бил протокол или декларација, каде ќе се ставаат сите документи важни за сите страни и со кои ќе се заокружи ова прашање.

Тоа ни гарантира нам дека нема да има отворање нови прашања или пак ќе има асиметрично исполнување од едната или од другата страна, дециден е Османи.

Министерот појасни дека согласно Договорот од 2017 постои инструмент Меѓувладина комисија која секоја година потпишува протокол за имплементација на Договорот.

– Тоа е документ што има три дела, веќе е усвоен еден таков протокол и потпишан од комисиите, едниот дел е секторската соработка, другиот дел се политичките, односно плановите за наредната година, и третиот е работата на историската комисија. Тоа е согласно договорот, веќе еден протокол е потпишан, ние не успеавме да организираме меѓувладина комисија заради тоа што ескалираше спорот и немавме можност. Меѓутоа, тој документ е во тој дух на тие протоколи што се усвојуваат меѓу две влади согласно договорот, а којшто утврдуваат начин на имплементација на договорот, рече Османи.

Тој потсети дека се одржа нова рунда политички разговори на највисоко ниво, во кои повторно биле презентирани ставовите и позициите на двете страни, а во меѓувреме имале и комуникација и координација со европските партнери.

Во одговор на прашањето дали дел од билатералните теми за кои сега се преговара меѓу Скопје и Софија, би станале дел од преговарачката рамка, Османи рече дека за Преговарачката рамка прво одлучува ЕУ, бидејќи земјите членки треба да ја прифатат преговарачката рамка.

– Сите 27 треба да кажат да. Има членки кои се многу сензитивни на прашањето на билатерализација на европскиот процес, за внесување на што било во преговарачката рамка. Прво треба тие да ја усогласат и да кажат „да“, за потоа ние да ја прифатиме. Ниту без нив, ниту без нас, не може да се усвои преговарачката рамка. Затоа сега се усогласуваме и билатерално, што би било прифатливо за нас во преговарачката рамка, а што би било за земјите членки, потенцира Османи.

Тој истакна дека нашиот принцип во овие преговори е дека ништо не е договорено, додека се не е договорено. Што значи дека дека во оваа фаза ние кажуваме ставови во однос на тоа што би можело да биде прифатливо, што не може да биде прифатливо.

– Така што сите овие кажувања во овој период се перцепции од ставовите на едната и на другата страна. Меѓутоа, се додека не се договори се и не се стави на хартија, и на тоа се обврзат двете страни по однос на сите тие аспекти и за тоа има одредена меѓународна гаранција, не би кажал што во овој период имаме договорено, но да, имаме ставови по однос на прашања што сме ги кажале на бугарската страна што би можело да биде прифатливо, а за што не може да се разговара и да биде прифатливо, појасни Османи.

Османи вчера во емисијата Топ Тема на ТВ Телма изјави дека е погрешна перцепцијата оти најавата на еден сеопфатен протокол, кој инаку е постоечки инструмент од Договорот од 2017 година, е некакво поместување од нашата позиција. Напротив, вели, тоа е зацврстување на нашата позиција со гаранции дека веќе нема да има нови барања од бугарска страна.

– Наше е барањето да има еден сеопфатен документ со кој се затворат сите барања еднаш засекогаш, одноно нема да има постојано појавување на нови барања, нови позиции туку сите елементи кои се важни за нас, според нашата државна позиција, но и оние елементи кои се барање на Република Бугарија ќе се врзат во еден сеопфатен документ на меѓусебно зависни и временски зависни елементи. Тоа е наше барање не е барање на Република Бугарија. Погрешна е перцепцијата дека најавата на еден таков сеопфатен протокол кој инаку е постоечки инструмент од Договорот од 2017 година, дека најавува некакво поместување од нашата позиција. Напротив, тоа е зацврстување на нашата позиција со гаранции дека веќе нема да има нови барања, рече Османи.

За тоа што би опфатил тој документ и како со него ќе се решат отворените прашања, Османи не сакаше да коментира во детали, оценувајќи дека преговорите се во посензитивна позиција.

Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Кирил Петков во петокот остварија средба во Минхен, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, при што изразија задоволство од досегашниот напредок на билатералната соработка и најавија нејзино интезивирање.

Ковачевски завчера, на дебата во рамки на Минхенската конференција, рече дека сме посветени на изнаоѓање взаемно прифатливи решенија и во тој дух Северна Македонија ги презеде сите неопходни чекори за деблокирање на процесот на проширување на ЕУ.

– Во духот на европските добрососедски односи, јас и бугарскиот премиер Петков во последниве два месеци, откако сме и двајцата премиери, ги интензивиравме разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија со искрена волја да направиме чекори на доближување, на соработка и на доверба за кои веруваме дека ќе нѐ однесат до решенија за нашите билатерални прашања, рече Ковачевски, оценувајќи дека доколку ЕУ покаже отсуство или слабост на Западниот Балкан, тогаш трети страни ќе имаат повеќе можности да ја пополнат таа празнина која е исклучително важна на геостратешки план.

Премиерот на Бугарија Петков, пак, на својот Фејсбук профил објави дека никој нема да ги спречи него и македонскиот премиер Димитар Ковачевски да напредуваат во односите меѓу Софија и Скопје.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, Република Бугарија и Република Северна Македонија треба активно да го промовираат развојот на заеднички компании, кои заедно ќе создаваат голема додадена вредност, да имаат растечки економии, заеднички детски кампови, заеднички концерти, да имаме заеднички образовни програми, да нема граница меѓу нашите две земји, да нема дискриминација, да нема говор на омраза, да се градат автопати и да имаме модерни железнички линии.

– Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме упорно и заедно да го постигнеме тоа. А на сите злонамерни страни можам само да им порачам „нема да не спречите!“, објави Петков.

За многумина, според бугарскиот премиер Кирил Петков, овие зборови звучат како сон, други организираат секакви провокации за тоа да не се случи, а трети едноставно не сакаат стабилност на Балканот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.