Автобус на македонскиот превозник „Метак транс“ во петокот вечерта целосно изгорел во германскиот град Билефелд, пренесува „Експрес.мк“.
Според порталот кој пренесува изјава од сопственикот на компанијата Станко Цонев, „ Метак Транс“ од 18 декември почнал два пати неделно да сообраќа на релација Струмица-Билефелд како единствена регуларна автобуска линија од југоисточниот дел на Македонија до Германија, изјавил Цонев , пренесува „Експрес.мк“.
Тој за порталот не ја исклучува можноста, инцидентот со палењето на автобусот, наводно да е дело на „диви“ превозници, но сепак последниот збор го има истрагата.
На веб страната на „Метак Транс“ стои дека компанијата има редовни линии до Италија и Германија и назад а дека возачите биле сертифицирани на странски академии за возачи.