Бирото за јавна безбедност при МВР распиша интерен конкурс за елитната единица „Тигри“. Конкурсот трае до 5 март, и вклучува ранг врз основа на три позиции.
„Помлад полицаец за операции (со средно и подготвителен испит), полицаец за операции (со средно образование, 2 години работно искуство). Виш полицаец за операции (со средно образование, 3 години работно искуство)“.
Потребната возраст на апликантите е тие да бидат под 30 години, што укажува на тоа дека МВР ја освежува оваа анти-терористичка единица.
„Да не се постари од 30 години Да достават доказ за здравствената состојба (извештај од специјалист или интернист) Да поседуваат (или се во процедура) сертификат за степен висока доверливост“, се додава во огласот.
По исполнувањето на условите од конкурсот, кандидатите поминуваат низ неколку специфични тестови и вежби меѓу кои психолошки тест, тест на знаење, тест за фобии и шестмесечна обука за селекција и вежби. Кандидатот кој ќе ги исполни, се систематизира во елитната единица.