НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: 71 отсто од македонските граѓани сметаат дека не треба да се прават отстапки кон Бугарија за ревизија на историјата

0
By Ivana on February 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата блокада на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ не ја промени значително поддршката кај јавноста за членство во ЕУ. Во 2021 година 68 отсто од населението ја поддржува идејата за членство во ЕУ. Една третина од населението смета дека Северна Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ, а во исто време над една третина од населението има доста нереални очекувања дека државава би можела да стане членка на ЕУ во следните пет години. 

Според МИА, ова го покажуваат резултатите од истражувањето за перцепциите за ЕУ, од кое произлегоа два истражувачки труда „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014 – 2021)“ и „Од пофалби до разочарувања: 2021 Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“, спроведени од Институтот за демократија со поддршка на Фондација „Конрад Аденауер“.

Во заклучоците од анализата се наведува дека наметнатите бугарски барања за укинување на ветото го одредуваат патот на Северна Македонија кон ЕУ. Резултатите од истражувањето покажуваат дека отстапките не се прифатливи кај две третини или повеќе од оние што одговориле.

Резултатите од истражувањето исто така покажуваат дека голем дел од граѓаните не се расположени за прифаќање на бугарските барања, дури и ако тоа би значело деблокирање на евроинтегративниот процес.

Две третини или повеќе анкетирани граѓани сметаат дека Северна Македонија не треба да прави отстапки согласно бугарските барања поврзани со ревизија на историјата (71 отсто), условот за јазикот (79 отсто) и положбата на бугарското малцинство во Северна Македонија (65,4 отсто).

Најсилната меѓуетничка врска постои во однос на јазикот. Македонците (86,8 отсто) и Албанците (61,4 отсто) не би поддржале прифаќање на ова бугарско барање, покажува анализата.

Главниот заклучок од анализата покажува дека во време на намален кредибилитет на ЕУ без видливи случувања во процесот на пристапување во ЕУ, граѓаните се чувствуваат дезориентирани од кога било досега. На испитаниците им е се потешко да препознаат потенцијален сојузник на земјата, што укажува на зголемена конфузија меѓу населението, стои во заклучоците на истражувањето.

Значително намалување има и во процентот на испитаници кои се отворено евроскептични, а постои меѓуетнички јаз во поддршката за членство во ЕУ меѓу двете најголеми етнички заедници во земјата – Македонците и Албанците. Исклучително висок процент на етнички Албанци – 82 отсто го поддржуваат македонското членство во ЕУ, додека 63 отсто од етничките Македонци ја поддржуваат европската интеграција на државата. 

Осумдесет отсто од населението му придава одредена важност на процесот на пристапување во ЕУ. Речиси 40 отсто од испитаниците се убедени дека земјата е подготвена за членство што е одраз на недостигот на информации во врска со процесот на пристапување. Повеќе од една третина од населението смета дека земјата не остварила никаков напредок во процесот на пристапување во споредба со 2020 година, покажува анализата.  

Македонците се попесимистично настроени во однос на Албанците околу напредокот во процесот на пристапување во ЕУ во изминатата година. Најголем дел, 43 отсто ги обвинуваат опструкциите од соседните земји кои се членки на ЕУ за немање напредок во пристапниот процес и за тоа зошто земјата не е членка на ЕУ. Повеќе од една третина од населението им дава приоритет на домашните фактори како причина за недостиг на напредок во процесот на пристапување.

Ова укажува и е показател на тоа дека на населението му недостасуваат информации во врска со патоказот и временската рамка на процесот на пристапување. 

Очекувањата за подобрување на животниот стандард благодарение на членството во ЕУ и понатаму се најчеста детерминанта на поддршка. Економскиот развој намалувањето на невработеноста, квалитетот на животот и подобрувањето на инфраструктурата се сметаат за клучни области на кои позитивно би влијаело членството во ЕУ.  

Идентитетските и вредносните фактори и понатаму се најдоминантни предиктори на евроскептицизмот. Незадоволството поради уставните промени во државата, културолошките закани врз националниот идентитет и губењето на суверенитетот се посочени како важна мотивација за одлуката на испитаниците да не го поддржат македонското членство во ЕУ.

Поддршката за членство во ЕУ кај симпатизерите на СДСМ ги одразува ставовите на партиското раководство и го надминува прагот од 90 отсто, а членството во ЕУ е поддржано и од мнозинството симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, а во исто време и се намалува процентот на евроскептични ставови кај симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. 

Според резултатите, постои значителна разлика во перцепциите кај поддржувачите на двете политички партии во врска со процесот на пристапување во ЕУ. Вкупно 70 отсто од симпатизерите на СДСМ е дека земјата во изминатата година оствари значителен напредок во евроинтегративните процеси. За разлика од тоа, 60 проценти од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека државата воопшто не напредувала или дека назадувала во текот на 2021 година. Шеесет проценти од симпатизерите на СДСМ се убедени дека земјава е подготвена за членство, додека напротив 70 отсто од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека земјата не е подготвена за членство.  

САД се перцепирани како странски фактор со најголемо влијание во Северна Македоија (45,1 отсто). Испитаниците кои одговориле со „не знам“ се рангирани на второто место со 19 проценти.

Перцепираното влијание на ЕУ во Северна Македонија се намали на најниско рангирање во последните две години – од 44,8 отсто во 2019 на 9,5 проценти во 2021 година. Само малкумина Македонци гледаат на ЕУ како на субјект со најголемо влијание (7,8 отсто).

Педесет и три отсто од испитаниците не ја гледаат Евроазиската Унија како алтернатива на ЕУ.

Истражувањето од 2021 година беше спроведено преку телефонски интервјуа во текот на ноември, преку национален репрезентативен примерок од илјада испитаници, со маргинална грешка од плус/минус 3,1. Анализата на јавното мислење за македонскиот процес за македонскиот процес на пристапување во ЕУ спорведена во 2020, се надоврза на истражувањата спроведени во 2014, 2016, 2017, 2018, 2019 и 2020 година. Таа го користи истиот тероретско-аналитички модел на утврдување на детерминантите на поддршка на членството на Македонија во ЕУ, а истовремено своите емпириски наоди ги споредува со наодите од истражувањата од претходните истражувања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.