Украина апелира до Европската Унија (ЕУ) и нејзините членки за итно да обезбедат воздушна одбрана и системи за противракетна одбрана, како и да ги искористат „сите средства“ за попречување на сателитските сигнали на Русија.
На листата со барања што Украина ја испрати до лидерите на ЕУ, во пресрет на вечерашниот вонреден Самит во Брисел, е наведено да се воведат и „најстроги рестриктивни мерки за Белорусија која директно ја поддржа руската инвазија од целосни размери“.
Во документот, чии автори се украински дипломати во Брисел, а во која и „Гардијан“ имаше увид, се бара укинување на софтверските дозволи за воена и цивилна опрема за Русија и за Белорусија, блокирање или мешање во навигациските сателитски системи во воздух преку Црното Море и Азовското Море, да се искористат сите средства за блокада на рускиот сателитски навигациски систем „Глонас“, вклучувајќи и попречување на сигналот преку воздушниот простор на Црното Море, Азовското Море, Белорусија и Украина.
Киев, исто така, сака ЕУ да воспостави систем за доставување на итна помош (механизам за заштита на цивили) за Украинците.



