НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуредини: Поддршката на ПОНТ се проширува и на прекуграничната заштитена област Кораб-Шара

0
By Ivana on February 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Успешната соработка во последните четири години,  како и новите можности Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ)  географски да ја прошири својата програма за грантови на прекуграничната заштитена област Кораб-Шара во Албанија и Северна Македонија, беа тема на разговор на вчерашната средба во Тирана на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со претставниците на  ПОНТ.

Министерот, информираат од МЖСПП, ја истакна високата природна вредност на оваа голема прекугранична област и нејзиниот туристички потенцијал базиран на природата и ја поздрави поддршката на ПОНТ за неодамна прогласениот национален парк Шар Планина, што е усогласена со финансирањето што веќе го обезбеди Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Двете страни се согласија за прв плански грант за новоформираната Јавна установа на паркот, кој ќе биде развиен со помош на национален консултант ангажиран од ПОНТ и стартуван во јуни 2022 година.

Ова ќе го отвори патот за долгорочно партнерство за ко-финансирање на оперативните трошоци за да се обезбеди ефективно управување со Паркот, во согласност со Планот за управување што формално треба да биде одобрен во средината на 2022 година.

Исто така, планирана е понатамошна соработка со тековната и новопланирана поддршка од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) преку УНЕП.

Во 2022 година, ПОНТ планира да објави два повика за предлози за граѓански организации во областа Кораб-Шара. Првиот повик за предлози ќе се фокусира на локални невладини организации за поддршка на властите на Паркот во нивните напори за управување. Вториот повик ќе биде за националните невладини организации за поддршка на различни заштитени подрачја во регионот што е фокус на ПОНТ, како и еколошките коридори помеѓу прекуграничните заштитени подрачја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.