Советот на амбасадори најостро ја осудува руската воена агресија врз Украина која, како што соопштија наведуваат, наеднаш претставува закана и за регионалниот мир и стабилност.
– Совет на Амбасадори ја повикува Русија да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина како и правото на украинскиот народ сам да одлучува за неговата иднина и за иднината на својата земја. Советот му дава силна морална поддршка на украинскиот народ во неговата борба за слобода и независнсост и ги поздравува чекорите на Владата на Северна Македонија за приклучување кон мерките за воведување на санкции кон Русија која води невидена агресија после Втората светска војна кон една соседна миролубива земја, наведуваат од Советот на амбасадори.
Советот на амбасадори, додаваат, целосно се солидаризира со украинскиот народ. Оттаму сметаат дека признавањето на сецесионистичките територии на Доњецк и Луганск претставуваат грубо кршење на меѓународното јавно право и на Повелбата на Обединетите нации.
– Војната инвазија на Русија во Украина го загрози мирот во Европа и пошироко и таквата воена интервенција за која целосна одговорност има претседателот Путин и останатите лица и институции кои се солидаризираа со овој непримерен чин ќе сносат и историска и морална одговорност за сите жртви и деструкции, се вели во соопштението.
Советот, додаваат, смета дека Република Северна Македонија како членка на Алијансата, стратешки партнер со САД и аспирант за членство во ЕУ, е пожелно јавно да ја искаже својата солидарност и единство со овие институции кои настојуваат да ги запрат воените дејствија и да се изнајде мировно решение на овој асиметричен спор.
Советот им дава поддршка и на македонските набљудувачи кои работат во рамките на ОБСЕ на терените на судирот, како и на воената единица која е во состав на мировните сили на Алијансата.