НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Ги зајакнуваме капацитетите за програмирање и користење на ИПА фондовите за уште поголеми придобивки за граѓаните

0
By Ivana on February 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ денес одржа состанок со министрите за активностите кои следуваат од доменот на ИПА и донаторската помош, пред почетокот на новиот циклус на состаноци на секторските работни групи, нагласувајќи ја важноста од директно вклучување на ресорните министри во работата на групите, со што ќе се потврди политичката посветеност на процесот на програмирање и користење на ИПА.

 – Од почеток на мојот мандат како Национален ИПА координатор (НИПАК) реализирав многубројни состаноци со донаторите меѓу кои и со ЕУД, на кои разговаравме за функционирањето и важноста на секторските работни групи. Донаторите, според нивните укажувања, ги разбираат овие групи како тела во кои се дискутира само за ИПА, а тие би сакале фокусот да биде на секторските и националните стратегии, политики и приоритети. Оттука во рамките на НИПАК секретаријатот и во консултација со ИПА координаторите започнавме да размислуваме за промена на фокусот на дијалогот во рамките на Секторските работни групи и оттаму Секторските работни групи на своите пленарни седници да бидат претседавани од ресорните министри, со мое приклучување во улога на Национален ИПА координатор. Со тоа, ќе ја потврдиме политичката посветеност на процесот на програмирање и користење на ИПА и другите донаторски програми и средства, рече вицепремиерот Маричиќ пред ресорните министри.

Вицепремиерот Маричиќ ги презентираше и промените во работењето на Секторските групи, укажувајќи дека претседавачи на Секторските работни групи без исклучок во прво време да бидат ресорните министри и најави промена на Деловникот за работа на истите.

-Наредниот чекор би опфатил промена на Деловниците за работа на секторските работни групи, што во моментов е во тек. Во рамките на циклусот на состаноци кои се планирани да се одржат на почетокот на март, би сакале да го пилотираме новиот приод во работата на секторските работни групи. Сметаме дека сега е вистинскиот момент за ова пилотирање со оглед на фактот дека Делегацијата на ЕУ официјално не извести дека треба да го започнеме програмирањето на ИПА 2023 и 2024 година, истакна Маричиќ.

Маричиќ најави дека во наредниот период планира заедно со Вицепремиерот Битиќи и Министерот за финансии, Бесими да одржи состанок со донаторската заедница за да ги презентираме хоризонталните документи на Владата како што се НПАА, ЕРП, Националниот развоен план.

Секторските работни групи се формирани за прв пат во 2015 година со воведувањето на ИПА 2 и секторскиот пристап во рамките на овој инструмент.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.