Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На средбата Џафери – Селаковиќ потенцирана важноста на македонско-српската парламентарна соработка

0
By Mirjana on February 25, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 25, 2022 13:47

На денешната средба со министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ја потенцирал засилената динамика на билатералните односи на највисоко ниво меѓу двете страни, изразувајќи надеж дека овој квалитет и континуитет на оваа комуникација и соработка ќе продолжи и понатаму, соопшти кабинетот на собранискиот спикер.

Тој го истакна значењето на регионалната иницијатива ,,Отворен Балкан“, како можност за регионално поврзување и соработка на земјите од Западен Балкан, а воедно и како порака до нашите европски пријатели во Брисел дека земјите од регионот полека изразуваат спремност кон прифаќање на европските вредности и интеграции, принципите на соработка и помирување меѓу себе. Во таа насока на регионална соработка, Претседателот Џафери го потенцираше значењето на трговската и економската соработка со Република Србија која воедно претставува и наш трет по големина трговски партнер.

Претседателот Џафери, во продолжение на разговорот, изрази надеж дека во периодот што следи, ќе се постигне конечно решение во однос на спорот со Република Бугарија и одобрувањето на нашата преговарачка рамка со ЕУ.

Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, изрази задоволство и чест од оваа посета на Собранието на Република Северна Македонија при што ја нагласи досегашната интензивна соработка со неговиот колега, министерот Османи, и изрази надеж дека оваа комуникација ќе продолжи и во наредниот период. Тој го потврди фактот дека меѓусебните односи се на високо ниво, а го потенцираше и значењето на парламентарната соработка. Истакна дека  економската и културна соработка е исто така на едно солидно ниво и во таа насока, ја пофали потпишаната взаемна спогодба за отворање на културни центри во двете земји. Министерот Селаковиќ изрази поддршка за нашиот евроинтеграциски пат и воедно поддршка за нашето успешно идно претседавање со ОБСЕ наредната 2023 година.

На крајот на средбата двајцата соговорници се согласија дека интензивната политичка соработка и во наредниот период ќе продолжи на секое поле.

 

СРЕДБА ЏАФЕРИ СЕЛАКОВИЌ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.