НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот амбасадор во Киев до Османи: “Ние сме во скривница, преноќивме на столчиња оти цела вечер се пука”

0
By Ivana on February 26, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи  утрово добил порака од страна на нашиот Амбасадор во Киев кој напишал:

– Добор утро министер, во Киев е пеколно се водат и улични битки, ние сме на сигурно во скривница под амбасадата, со обезбедување од нацилната гарда на Украина, во скривницата моравме да преноќиме на столчиња бидејќи цела вечер се пука од сите оружја. Ракетиран е помалиот аеродром кој е на 8 километри од амбасадата, гласела пораката која ја испратил нашиот Амбасадор во Киев до министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека пред половина час успеале да ги извлечат нашите дипломати во Украина преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија.

– Ситуацијата, посебно во текот на ноќта во Киев е влошена,. Ние одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Ние потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија, рече Османи.

Министерот информира дека денеска успеале и да почнат процес на евакуација за 30 наши монитори во рамки на Специјалната мониторинг мисија. Дел од нив, како што кажа, во моментов се упатени кон Молдавија, а дел од нив кон Послка.

– Само што се тргнати на пат, не можам да кажам кои се тие аранжмани од безбедносни причини, но веќе се тргнати во еден конвој за напуштање на Украина, рече Османи.

Одговарајќи на новинарски прашања, Османи посочи дека членовите на семејствата на дипломатите ги вратиле пред две недели, додека дипломатите останале за да излезат последни, затоа што прво им било важно да излезат граѓаните, а потоа на крај и дипломатите.

– Затоа до последен момент откако почнаа воените активности таму дипломатите од скривница даваа патни листови на граѓани на различни форми, но сепак вчера донесовме одлука тие да се евакуаираат на безбеден начин. Тоа успеаја да го направат денеска. Станува збор за двајца дипломати и уште двајца граѓани кои беа заедно си дипломатите во Амбасада, наши државјани. Едно семејство случајно е придружено со дел од мониторинг мисијата на ОБСЕ која се упатува кон Молдавија, со други граѓани сме во комуникација за да најдеме начин како да ги извлечеме, вклучувајќи ги и семејствата на нашите државјани кои се украински државјани. Има наши државјани кои се мажени или женети со граѓани од Украина, помина одлука на Влада со која и на нивните семејства ќе им обезбедиме засолниште во земјава, но треба прво да се обебезди безбедносен коридор за евакуација, рече Османи.

Министерот додаде дека добиле барање од Украина за конркетна помош пред се во единции на крв, медицински помагала и лекови, но и други средства кои преку Механизмот на цивилна заштита на НАТО и на ЕУ се координаираат во државата.

– Вчера бев во комуникација со министерот за здравство и со директорот на трансфузија, единици на крв имаме обезбедено. Сега разговараме како истите да ги префрлиме во Украина, но сето тоа ќе го направиме во координиран начин во кој сета помош ќе се аранжира во рамки на комуникацијата на цивилните механизми, рече Османи.

Имено, како што посочи, Република Северна Македонија на завчерашната седница на Владата одлучи да се придружи на пакетот санкции на ЕУ кон таргетирани економски и политички цели во руската федерација, но одлучи и да се придружи на сите рестрективни мерки кои ЕУ ги воведе од 2014 наваму со што, како што нагласи, се постигна 100 отсто усогласување на надворешната и безбедносна политика на Република Северна Македонија со ЕУ.

– Таа политичка одлука беше донесена на седница на Влада, останува да се операционализира преку конкретни одлуки кои треба да се донесат наредните денови, дополни Османи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.