НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руско-украинската војна ќе влијае негативно врз туризмот во земјава

0
By Ivana on February 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Руско-украинската војна ќе влијае негативно врз туризмот во земјава. Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се подготвени доколку има потреба да прифатат бегалци од Украина.

Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажевски смета дека воената состојба во Украина ќе се одрази не само на бројот на туристи од Украина и Русија и од околните држави, туку и врз веќе намалената куповната моќ кај народот од енергетска криза.

Според него, многу е тешко да направат цени со кои би можеле да бидат атрактивни, да направат обрт и да плаќаат скапа струја и скапи производи, како и исплата на плати.

– Цените не можеме да ги задржиме, се намалува моќта на секој турист од било која држава да направи одмор од 15 до 20 дена, вака би направил пет дена, ако воопшто би дошле. Имаше јавувања, односно интерес од украински и руски тур оператори со оглед дека имаме и лет од Русија. За почеток беа на добро ниво, но со збиднувањата сега се затворни, не се знае што ќе биде понатаму. Се надеваме на добар компромис и разум кај сите големи сили да можат ова да го решат што побрзо и да одиме понатаму, вели Блажевски.

Тој нагласи дека хотелиерите досега во многу наврати ги ставиле своите капацитети на располагање кога било најпотребно, а тоа ќе го направат и сега ако се јави потреба за сместување бегалци.

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков посочи дека и Охрид е подготвен да пружи рака за сите бегалци од Украина.

– Во принцип го почитуваме територијалниот интегритет на Украина и ова треба да се реши на мирен начин со преговори, зошто војна во никој случај не е решение, рече Пецаков.

Претседателот на здружението на туристички водичи „Кеј“ од Охрид, Климент Наумов, информира дека туристите од Украина биле присутни во градот во договор со локални туристички агенции, но и преку туристички агенции од регионот.

– Да се надеваме дека проблемот нема да ескалира и брзо ќе дојде до примирје, бидејќи ако екалира последиците, би биле незамисливи. Иако се наоѓаме многу далеку ќе бидеме директно засегнати, односно ќе се соочуваме со дополнителни загуби. Доколку се подаде рака ќе се најде решение за бегалците и треба да бидат прифатени, додаде Наумов

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.