Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска Стојчевска: Грижата за младите уметници влијае врз афирмирањето на културата во светот

0
By Ivana on February 27, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 27, 2022 11:53

Министерството за култура информира дека вкупно 23 млади и талентирани уметници и автори добија еднократна поддршка на конкурсот за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во уметностите и заштитата на културното наследство од областа на културата за 2022 година.

– Грижата за младите уметници и за дефицитарните кадри, како мерка ја покажува тесната врска помеѓу културата и образованието како сооднос кој неизоставно влијае врз унапредувањето на знаењата и афирмирањето на културата во светот, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таа, како што се наведува во соопштение на Министерството за култура, додаде дека во рамките на конкурсот била предвидена поддршка за едукација и доедукација на прв, втор и трет циклус студии на високообразовни установи и академии во странство од областа на: балетската уметност, музичката уметност, визуелните уметности, драмската уметност, библиотекарството и документација и конзервација и реставрација на културно наследство.

– Млади и талентирани уметници, со поддршка на Министерството годинава ќе остварат и стручен престој кај професори и ментори, односно ќе реализираат кратки престои на универзитети и академии во странство, и специјализации кај реномирани светски уметници од повеќе области на културата и културното наследство. Од буџетот на Министеството за култура за оваа намена се издвоени 2.332.000 денари, појасни Костадиновска Стојчевска.

Од Министерството за култура посочуваат дека поддршката која младите уметници ја добиваат од Министерството во иднина ќе влијае во подигнувањето на стручниот капацитет на институциите од областа на културата и развојот на овие уметници како професионален кадар, а и секако има значење во однос на намалување на трошоците на нивното доедуцирање и професионална наобразба.

– На листата на високообразовни институции на кои македонските уметници го продолжуваат своето образование се наоѓаат многу престижни универзитети во повеќе европски земји и пошироко, меѓу кои и во Франција, Турција, Германија, Русија, Австрија, Бугарија, Србија, Италија, Албанија, Холандија, Канада, Португалија, Словенија и Чешка, информираат од Министерството за култура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.