Украина нема да влезе во НАТО сега, не поради агресија, туку поради дополнителни реформи што треба да се спроведат… не е реално, рече амбасадорот Александрович
Амбасадорот на Украина во Србија, Александр Александрович, гостувајќи на српската телевизија ТВ Прва, изјави дека „секој окупатор во Украина ќе добие пукање во глава“.
Во врска со тоа дали Украина е препуштена сама на себе, амбасадорот одговори дека „колку подолго Украина се бори, толку поддршката од меѓународната заедница е посилна“.
– Важно е да ја почувствуваме солидарноста на сиот свет. Украина не е членка на НАТО и, за жал, не може да добие воена поддршка од тој сојуз, рече Александрович.
Според него, Украина сака да остане воено неутрална, но дека политиката на рускиот претседател, Владимир Путин, влијаела на аспирациите на Киев да се приклучи на НАТО.
– Украина нема да влезе во НАТО сега, не поради агресија, туку поради дополнителни реформи што треба да се спроведат… не е реално, рече амбасадорот Александрович, нагласувајќи дека „без руската агресија пред осум години, земјата не би сакала да се приклучи на НАТО“.