Нова верзија за симнување на лет MH17 – според очевидци во небото до него имало друг, борбен авион. Дали тој пукал на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ сепак останува нејасно.
Лебди уште и истрагата за инцидентот. Украина, бунтовниците и Русија се обвинуваат меѓусебно.
Урнатините од летот MH17 на „Малезија ерлајнс“ се расфрлани во радиус од неколку километри.
„Никој не ги собира. Не гледаме и да се одржува во овој момент некаква истрага. Вчера регионот беше затворен од силите на Доњецката Народна Република. Луѓето тука раскажуваат страшни нешта”, велат репортерите кои се на местото на настанот.
Веста, која стана прва во светските медиуми, за локалните луѓе изгледа вака – првично се чуло некакво свирење, потоа три силни експлозии. По што започнало најстрашното.
Во околните населени места веќе се навикнати да слушаат канонада и звук од бомби, но овој пат било поразлично.