НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Заврши првата фаза од ХС „Злетовица“ за снабдување со вода на пет општини

0
By Ivana on March 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се заокружувата првата фаза од Хидросистемот „Злетовица“, кој треба да обезбеди водоснабдување на вкупно пет општини, порача денеска од Пробиштип, министерот за земјоделството, шумарство и водостопнаство, Љупчо Николовски.

Тој забележа дека Владата во 2018 и 2019 година издвои дополнителни средства за целосна реализација на водоснабдувањето на пет општини од овој систем, а се инвестирани во Филтер станици, цевководи. Вода за пиење од овој систем добиваат Пробиштип, Свети Николе и Штип, додека Карбинци со изградбата на цевководот до осумте населени места кон крајот на годината, а за Лозово се заокружува документацијата за старт на изградба на Филтер станица. Тој најави дека во четврток ќе се потпише и последниот анекс за грантот со банката за реализација на втората и трета фаза, а тоа е за наводнување на земјоделско земјиште и производството на електрична енергија.

– Со тоа ги завршуваме сите активности и влегуваме во распишување на постапките за втора и трета фаза со „Злетовица“. Така да тоа е уште еден нов и убав момент за целиот овој регион, за Пробиштип и за сите општини, бидејќи овој проект долго време беше заглавен низ административни, бирократски лавиринти, преговори, договори, нејаснотии, нерасчистени работи, рече Николовски.

Прашан за новата европска мерка – авансното исплаќање на субвенциите, Николовски со одговор дека нашата земја е лидер во искористувањето на мерката ИПАРД, а годинава се очекува и отварањето на ИПАРД три и првиот повик за три мерки до крајот на годината. Забележа дека реализација на субвенциите и на Ковид мерките се рекордни.

– Што е поентата на ниво на Европска унија се знае дека политиката е да се субвенционираат површините на земјоделско обработливо земјиште, еден унифициран основ на субвенции, а дополнително да се определува и да се вршат исплатите во зависност каква земјоделска култура се произведува, дали се овоштари, полјоделство, лозари. Оваа година, која е за првпат прилот мерка ќе бидат овоштарите, до крајот на годината овоштарите ќе добијат 30 отсто, односно околу 12.000 денари од основната субвенција, за оваа година ќе ги добијат до крајот на годината, вели Николовски.

Николовски посочи дека македонското земјоделство и сточарство мора да се усогласат со европските политики, за да има развој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.