Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз во интервју за ТВ21 ја коментира актуелната состојба со Украина, но и одговара на прашањето „Колку е далеку Македонија од Украина во тековните околности“.
„Кога сме на темата Украина, Северна Македонија е НАТО-сојузник и е силен партнер што држи чекор со ЕУ, одговорна членка на меѓународната заедница и ни се придружи на САД и на другите во осудата на дејствијата што се одвиваат во Украина во моментов, бруталната руска агресија и активната војна во Украина. Осудата беше јасно и недвосмислено потенцирана, но исто така обезбедува и поддршка за украинскиот народ, како сите нас, со обезбедување на поддршка што им е неопходна во моментов. Но мора да се осигуриме дека во даден момент некој ќе сноси одговорност за постапките на Русија. Од друга страна, Северна Македонија работи со нас во НАТО и билатерално, за одбрана на нашите интереси. Работиме во НАТО за да се осигуриме дека обврската по членот 5 е цврста и дека сме подготвени да се браниме од секакви понатамошни дејствија и дека сме подготвени како меѓународна заедница, да се соочиме со долгорочните последици од тоа што се случува. Повторно, ова е незаконско и неоправдано дејствие со умисла од страна на Русија против Украина“, вели амбасадорката Кејт Мери Брнз во ексклузивното интервјуто.