НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Субрата Рој верува во поткуп на врвот

0
By Сашка Цветковска on February 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ј. Гопи Kришнан од дневниот весник “Пионир” е еден од водечките истражувачки новинари во Индија. Кришнан е наградуван новинар и открил многу корупциски скандали во кои биле вмешани водечки функционери во Индија. Минатата година е прогласен за еден од десетте највлијателни индиски новинари. Со него разговараше Сашка Цветковска, а повод се актуелностите во врска со замрзнувањето на сметките на Субрата Рој.

Вчера беа замрзнати сите сметки на индискиот милијардер Субрата Рој. Во Индија тоа е голема тема, претпоставувам, и светските медиуми пишуваат за тоа, но во Македонија властите не се загрижени премногу, се изјавуваше и дека тоа е работа на Индија, а не на Македонија, иако пред неколку недели беше најавена инвестиција од 100 милиони евра на брегот на Охридското езеро во земјава. Како вие ги толкувате последните случувања?

Ова што сега се случува, одлуките на врховниот суд претходно, новата одлука за замрзнувањето на сметките, целата таа ситуација само ја изложи пред јавноста нетранспарентноста на бизнисите на Субрата Рој. А неговите бизниси се секогаш контроверзни. Тој е од оние типови на тајкуни кои веруваат дека можат да купат секого. Од она што го читам и знам за вашата земја, која и не е баш популарна по демократските стандарди, ми личи дека тој е правиот човек за вашата влада. И само ќе ви речам, ако вашата Влада не е загрижена за судскиот случај против бизнис естаблишментот на Субрата Рој во Индијата, тогаш оставете ги, ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин.

Македонската влада менува и закони за Субрата Рој да може полесно да ја започне својата инвестиција во земјава. Беше помпезно пречекан во земјава, а изјави дека тука се чувствува како во вториот дом. Дали ваквата реторика е вообичаена за овој бизнисмен?

Смешно е да слушаат вакви работи. Тој е баш од тој тип на бизнисмени кои секогаш даваат вакви изјави кои во реалноста немаат никаква вредност. Покрај Македонија, и за Бангладеш тој истото го велеше, дека се чувствувал како во вториот дом во таа земја, еве сега и кај вас така зборувал, како што велите. Тој говор е негов начин за да ги подмачкува луѓето на власт и да ја залажува јавноста.

Каков е генерално имиџот на Субрата Рој во Индија?

Верувам и од моите одговори погоре може да се сфати. Знаете тој е од оние луѓе кои сакаат да влегуваат на мала врата. Политички е многу добро поврзан и тој е класичен финансиски спинер. Со него се поврзуваа некои помали или поголеми даночни проблеми, но тоа во голема мера и се должи на архаичниот даночен систем во Индија, секако не е тој само и единствено криминална супстанца. Сепак, овој случај со измамените инвеститори го потврди ова за што ви зборувам, финансиски спинер. Тој поседува огромни бизниси. Неговата Сахара Груп, што во превод Сахара значи да се помага или да се поддржи, значи не е поврзано со пустината Сахара, е огромна, огромна групација со мал милион бизниси. Настрана од финансиите, тој има и многу ТВ канали, весници, недвижнини, филмска продукција.

Како еден од водечките индиски истражувачки новинари и личност која добро ја познава тамошната политичка и бизнис сцена, но и бизнис култура, што би ни порачале, треба ли земјата да биде внимателна во врска со најавите за големи инвестиции во земјава?

Дозволете ми да ви сумирам во една реченица каков бизнисмен е тој – одговарачка личност за вашата влада и ќе ги одржува во добар хумор некое време. Тој е од оние луѓе кои веруваат во поткуп на врвот, не во директниот и чесен бизнис.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.