Published: Monday, July 21, 2014 12:54
Во Основен суд Скопје 1, осум лица учесници во протестите, поради пресудата за случајот „Монструм“, ќе одговараат кривично за учество во толпа.
На протестите беа каменувани двата суда – Основен 1 и 2, а дел од демонстрантите првртуваа контејнери и фрлаа камења по полицијата. Според МВР при протестите беа повредени триесетина полицајци и десетина граѓани.




