Published: Tuesday, July 22, 2014 01:11
Синдикатот за образование денска почнува штрајк со глад, како поддршка за тројцата штипски професори кои останаа без работа.
Од СОНК информираат дека во осум часот ќе ги спроведат усвоени заклучоци на седницата на синдикатот, односно започнуваат штрајк со глад. Ќе бидат вклучени повеќе од 50 наставници и професори кои се членови на раководнсите органи, односно на советот и на претседателството на синдикатот.
На ваков начин, од СОНК велат дека ќе се солидаризираат со тројцата професори и ќе штрајкуваат се додека не се усвојат заклучоците, меѓу кои и измени на Законот за високо образование.




