Б.А. вчеравечер околу 21 часот бил спроведен на доиздржување на затворската казната во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје, додека децата вратени ѝ се на мајката
Вчера (6 март) околу 15 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 41-годишниот Б.А. од Неготино –Полошко, кој во 13 часот бил пријавен од неговата поранешна 33-годишна сопруга дека со употреба на сила влегол во нејзиниот дом и ѝ ги одзел двете малолетни деца.
Б.А. вчеравечер околу 21 часот бил спроведен на доиздржување на затворската казната во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје, додека децата вратени ѝ се на мајката на која со судско решение ѝ биле оставени на чување.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.