Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Според Пендаровски се знаело за агресијата врз Украина пред 4 месеци што значи власта знаела дека ќе дојде до ова економско сценарио

0
By Mirjana on March 10, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Курир.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 10, 2022 23:32

– Колку што сум информиран во текот на утрешниот ден практично имаме во Парламентот два закони кои што по скратена постапка треба да се донесат, а тоа е измената во законот за додадена вредност и измената во законот за акцизи. Иако ние тоа го предложивме уште таму некаде на крајот од минатиот месец за жал поради самобендисаноста би рекол и надменоста на оваа Влада, граѓаните изминативе две недели плаќаа за неколку десетици денари за литар поскапо гориво“,истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Алфа телевизија, притоа дополнувајќи:

– Ќе видиме како ќе се одвиваат работите деновиве, јас следејќи го она што е на меѓународните портали, следејќи го она кое што е актуелно во светот не очекувам дека нешто бргу ќе се измени во насока на смирување на состојбата каде што е конфликтно подрачје во моментов и каде што се случува тоа што се случува. И некако не можам да ја издвојам Македонија од сето тоа и дека граѓаните во Македонија бидејќи немаше план за справување оваа Влада со сето ова кое што денеска се случува, ќе трпат последици на семејниот буџет на стандардот. Ќе трпат и тоа е само како резултат на погрешните политики и немањето стратегија и визија на актуелната Влада“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека од власта ќе бараат разно разни оправдувања, но тоа немало да им помине бидеjќи граѓаните им ја прочитале неспособноста, изјави тој.

Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ истакна дека Пендаровски кажа дека знаеле за агресијата врз Украина уште пред 4 месеци и знаеле дека ќе дојде до ова економско сценарио, но  власта немала план за справување со ситуацијата и да го заштити стандардот на граѓаните.

– Пендаровски рече дека уште пред 4 месеци знаеле, претпоставувам дека човек кој ја добил таа информација ја споделил со останатите чинители во владата. Тој рече уште во ноември дека знаеле, претпоставувам дека ја споделил зо Зоран Заев и останатите, а Заев претпоставувам му ја пренел таа информација на Ковачевски кога овој одлучи да му го грее столчето. Генерално неодговорно однесување, погрешно, без стратегија без план да се менаџира ситуацијата и да се олесни тешкиот живот на македонските граѓани, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека оваа влада немала план за справување со сето ова кое денеска се случува, а последици ќе трпат граѓаните на семејниот буџет и на стандардот.

– Тоа е резултат на немањето стратегија и погрешните политики и немањето визија на владата.  И за тоа ќе има одговорност, ако мислат дека ова така ќе заврши се лажат, порано или подоцна ќе има одговорност, нагласи Мицкоски.

„Заспиј ако можеш“ Мицкоски за власта и цените нма енерхгенсите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.