Двајца струмичани и еден полицаец од Богданци ќе одговараат кривично поради, како што велат од полицијата, организирање и превезување групи азиланти во Европскат унија. На осомничените им е доделен 30-дневен притвор.
-Организирањето и транспортот го вршеле од повеќе места од Струмица, Виница и од Радовиш , при што на истите ми ветувале дека ке добијат статус на азиланти во соодветната држава на ЕУ за што им наплатувале одредена сума, најчесто од 200-300 евра од член на семејство , се вели во сооштението на МВР.
Третопријавениот полициски службеник за пасошка контрола на граничнит премин „Дојран“ ја злоупотребил службената должност и кога бил на смена како полицаец за пасошка контрола без да побара доволно докази од лицата кои се транспортираат како баратели на азил, а и не ги евидентирал сите кои ја преминувале границата во возилата.