НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малеска Сачмароска: конференцијата е повик за будење за родова еднаквост, економски развој и зајакнување на жените

0
By Mirjana on March 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во време на дигитална ера и потенцијлен развој на дигитална економија,
дигиталниот јаз меѓу мажите и жените се повеќе ќе се зголемува. Оваа конференција е повик за будење во корист на активните политики за родова еднаквост и креирање на овозможуачка околина која ќе отвори нови можности за економски развој и зајакнување на жените во Република Северна Македонија во оваа сфера“ потенцираше Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со што ја отвори денешната конференција „Од марш за работнички права до дигитална економија“ во Скопје.

– Главниот предизвик во иднина ќе биде прашањето како, да се искористат можностите што ги дава дигиталната револуција и, од друга, да се минимизираат ризиците жените да заостанат во овој процес. Оттука, мора да работиме на структурни промени и ка креираме јавни политикии и стратегии кои ќе овозможат поголема еднаквост и еднакви можности на мажите и жените во дигиталната сфера – додаде Малеска Сачмароска.

Настанот беше под покровителство на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска која им се обрати на присутните. По неа говореа и поддржувачите на настанот Ерик Јановски, претставник на канцеларијата на УСАИД во земјава.

На конференцијата се обратија моќни жени од различни институции, компании и здруженија од земјава. Целта на настанот беше да се влијае на зајакнување на женското претприемништво преку дискусија за постоечките мерки за поддршка на женското претприемништво и потребата за владина поддршка преку креирање на сет мерки за зајакнување економската улога на жената и дигиталната трансформација на женските бизниси.

На првиот панел „Политики за поддршка на женско претприемништво“ кој го модерираше извршната директорка на ЦУП учество земаа Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државен секретар во Министерство за економија, Нина Ангеловска, претприемачка и претседателка на Асоцијација за е-трговија и eTrade for Women Advocate на UNCTAD и Валентина Дисоска, претседателка на здружение на бизнис жени.

На вториот панел „Дигитализацијата како предизвик за градење на успешни женски бизниси“ го модерираше Јасна Пајковска, проектна координаторка во ЦУП  а учество земаа Анета Пешева, претседателка на МАСИТ, Валентина Тасева, директорка на СЕМОС Едукација, Ирена Поповиќ, софтверски инженер и косопственичка на СОЛС, Катарина Милошевска, косопственичка и директорка на Инфоверсe, Весна Иваноска, директорка на СЕАВУС едукативен и развоен центар, Весна Кузмановиќ, сопственичка на “Стратиум Рид” и Викторија Дранговска – Извршна директорка и косопственичка на CodeIT.

Конференцијата беше дел од проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ поддржан од Balkan Trust for Democracy и USAID

КОНФЕРЕНЦИЈА СО ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.