Ако никогаш не сте виделе политичар како јаде сендвич со салама, тоа е веројатно затоа што не ни има такви.
Таква сцена минатата недела беше реалност во Вашингтон, каде што тројца политичари го прифатија предизвикот на мрежата АБЦ да живеат една недела со минимална плата, според која во САД за седум дена изнесува 77 долари.
Демократите Тим Рајан и Џен Шаковски се приклучија на поранешниот гувернер на Охајо – Тед Стрикленд во предизвикот во кој тие мораа со споменатиот износ на живеат една недела, почнувајќи од секојдневни трошоци за храна, кирија и комуналии, објавува ABC.
Конгресменот Рајан изјавил дека го прифатил предизвикот со цел да се привлече внимание на проблемите со кои секојдневно се соочуваат работниците кои работат за минимална плата.
-Синоќа најдов кикирики во канцеларија, а јадев и малку овошје што исто така беше оставено таму. Вчера потрошив седум долари за неколку конзерви со сардини и за една кесичка со грицки, изјави Рајан за ABC.
Џен Шаковски овој предизвик го почна во четвртокот.
-Ова во потполност ви ја менува перспективата. Дури и искуството во шопинг. Јас обично правам листа на работи ми се потребни, но многу ретко размислувам за тоа колку тие чинат. Обично шетам по продавницата, гледам нешто што мислам дека е добро, и го ставам во количка. Со ваков буџет тоа го нема, не постои никаква спонтаност, рече таа.
Од друга страна, Стрикленд отиде во Мекдоналдс да го испроба нивното мени за еден долар.
Тој на крајот испрати слика од неговиот ручек за два долара и 20 центи, а со тоа и напиша:
„Овде работниците заслужуваат покачување.” Тој го издржа предизвикот речиси до пред крајот, но признал дека не успеал да издржи со 77 долари до самиот крај.
Она што најмногу го загрижило е што со таква плата луѓето не можат да се хранат здраво.
-Тешко е да се најде свежо овошје и зеленчук, по цена која ќе одговара на таков буџет .Се свртев кон леб, путер од кикирики и банана. Ова е се што можев да искомбинирам минатата неделa во продавница и затоа јадев во Мекдоналдс, изјавил Стикленд.
Шаковски и Рајан исто така се пожалиле и на социјалните мрежи дека предизвикот бил тежок.
-Постојат голем број на луѓе кои ова го прават долго време и ние сакаме да укажеме на тешкотиите кои притоа се случуваат. Јасно ни е дека не се ставаме баш точно во иста позиција, но поради ова барем се зборува за минималната плата, напиша Рајан.