Published: Thursday, March 17, 2022 10:08
Трговски брод кој пловел по знамето на Панама е потопен во руски ракетен напад во Црното Море, а уште два други се оштетени, изјави официјално лице од Поморската управа на Панама, додавајќи дека нема жртви.
„Знаеме дека три брода биле погодени во руски ракетни напади“, истакна Нориел Араус.
„Руската морнарица забрани „излез од Црното Море“ за околу 200 до 300 бродови кои пловат под знамиња на различни земји“, додаде тој.
Околу 10 панамски бродови за транспорт на житарки се блокирано во Црното Море.




