НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Состанок на Заедничкиот управен комитет Северна Македонија – Обединети нации

0
By Biljana on March 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Состанок на Заедничкиот управен комитет Северна Македонија – Обединетите нации.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска заедно со постојаниот координатор на ОН во земјава Росана Дуџак го одржаа вториот состанок на Заеднички управен комитет за спроведување на Рамката за соработка за одржлив развој на Обединетите нации и националните институции за 2022 година.

Како што соопшти МНР, целта на состанокот била да се разгледаат националните приоритети во доменот на одржливиот развој при што бил одобрен Заедничкиот работен план за 2022 година за спроведување на Рамката за соработка на ОН за 2021-2025.

„Заедничката работа меѓу агенциите на ОН и Владата на Република Северна Македонија во 2021 година резултираше со 6.800 нови работни места за младите луѓе. Воспоставени се нови здравствени услуги за луѓето во руралните области, достапност на македонскиот јазик за странците особено за барателите на азил и бегалците, прогласување на Шар Планина за нов национален парк во земјата, зајакнување на капацитетите на државната администрација на теми од областа на ЕУ и приближување на законодавството за поддршка на ЕУ, како и развивање на Национална стратегија за развој која ќе ја постави долгорочната развојна визија на земјата“, се наведува во соопштението.

Министерот Османи на состанокот истакнал дека имплементацијата на Рамката за соработка за одржлив развој ќе резултира во подобра правна рамка, поефикасни и по одоговорни институции.

Постојаниот координатор на ОН, Дуџак порача дека усвојувањето на Заедничкиот работен план за 2022 од страна на Заедничкиот управен одбор е исклучително важна алатка што ја операционализира Рамката за соработка, нагласувајќи го фокусот кон транспарентно, одговорно работење насочено кон резултати, во вистинскиот дух на партнерството и во согласност со реформите на развојниот систем на Обединетите нации.

Во дискусијата околу модалитетите за најсоодветно искористување на поддршката што Република Северна Македонија ја добива од системот на ОН, а во насока на реализирање на развојните приоритети, учествуваа и министерот за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, во својство на членови на Комитетот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.