НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хумани преведувачки бесплатно преведуваат медицинска документација

0
By Ivana on March 21, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
фото(Види Вака)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потврда дека во денешно време сѐ уште постојат хумани луѓе, кои го прават светот поубаво место за живеење е групата преведувачи и толкувачи кои нудат бесплатен превод за медицинска документација. Стефанија Маџоска, Светлана Наумовска и Љубинка Брашнарска преку  својата група на фејбук насловена како „Превод – кога е најпотребен“,  досега на голем број граѓани им имаат преведено над 1​.​000 страници медицинска документација.

Групата постои 3 години и е наменета за целосно бесплатен превод на медицинска документација наменета за лекување или консултации со медицински установи надвор од државава. Во групата членуваат професионални преведувачи со голем број јазични комбинации и помал број доктори кои со љубов и солидарност волонтираат за секој поединечно побаран превод.

Стефанија Маџоска за Нова ТВ вели дека групата помага на секој што ќе побара помош, а чие барање е во согласност со правилата за функционирање на групата.

– Целата идеја беше да им олесниме на луѓето во бремето што го носат, со тие состојби со кои се соочуваат – тоа беше првата мотивација – да покажеме малку солидарност, да пружиме рака. Во овој период мислам дека одѕивот што го имаме од луѓето е мошне добар и имаме прилично голем број луѓе кои што ни се приклучија. Веќе почнува и да се шири целата иницијатива – имаме контакт со многу преведувачи, но секако не би требало да остане на тоа и би сакале да упатиме апел да ни се приклучат што е можно повеќе затоа што побрзо се средуваат сите преводи кога имаме повеќе луѓе и кога можеме да ги поделиме преводите. Генерално имаме добар одѕив и досега сме помогнале на многу луѓе. Се надеваме дека ќе продолжи тоа и понатаму и ќе се прошири иницијативата, но и дека ќе имаме што е можно помалку преводи – не затоа што е тешко, туку затоа што тоа значи дека имаме многу поздрави луѓе, вели Маџовска.

Според Светлана Наумовска, за овие три години имаат сработено навистина импозантна бројка преводи – над 1000 страници, а преведувачите одвојуваат многу од своето слободно време – затоа што се сите со работни обврски – за да ги завршат овие преводи.

– Станува збор за група на самоорганизирани преведувачи, етаблирани во својата професија, професионални преведувачи, со кои во случаен разговор заклучивме дека кога и да ни било побарано да преведуваме медицинска документација, сме преведувале бесплатно. Во таков неврзан разговор заклучивме дека е добро да се организираме и граѓаните да имаат една точка каде што ќе можат да се обратат доколку им треба ваков превод, вели Наумовска.

Љубинка Брашнарска потенцира дека целта на групата е повеќенаменска.

– Сакаме да им помогнеме на други луѓе, наши сограѓани, и барем малку да им го олесниме товарот што го носат со самата помисла дека не се сами и дека некој се грижи за нив. Во поширока, општествена смисла, сакаме да го „одработиме“ нашиот дел од разубавувањето на секојдневието на сите луѓе околу нас, бидејќи длабоко веруваме дека секој еден човек може да направи видлива позитивна промена во општеството правејќи го тоа што најдобро го знае – што и да е тоа. Преку личен пример, сакаме да испратиме апел до сите други луѓе да помагаат, да бидат солидарни, да сочувствуваат со туѓата несреќа и да го направат тоа што е во нивна моќ за да им помогнат на луѓето, додава Брашнарска.

Таа упати апел да им се приклучат што е можно повеќе преведувачи и медицински лица кои имаат работно знаење од друг јазик.

– Особено ни е тешко да обезбедиме преведувачи за преводите на јазици за кои нема многу преведувачи кај нас. Не мора преведувачите да имаат судски печат бидејќи поголемиот број преводи што ги работиме немаат потреба од заверка, вели Брашнарска.

Трите администраторки на групата велат дека нивна цел е да се олесни патот кон подобро здравје на барателите, бидејќи како што велат, тие се  свесни за лавиринтите, бирократијата и процедурите кои што треба да ги помине секој кој што би се лекувал во странство, а згора на тоа, потребни се многу финансии.

И.Р.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.