Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ректоратот на штипскиот Универзитет бара документација која ја има во архивите

0
By Нова ТВ on July 31, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 31, 2014 14:23

Ректорорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, преку оглас во неколку печатени медиуми бара професорите до утре до ректорската управа да ја достават документацијата потребна за нивниот избор, а целата да ја стават на увид на јавноста преку прес конференција. Во огласот ректоратот ги наведува условите што треба да бидат исполнети за избор во вонреден професор.

-Ако професорите ги исполнуваат условите, тогаш ректорската управа јавно ќе им се извини за направените грешки на Економскиот факултет, а деканот ќе биде разрешен поради грешки во водењето на постапката за избор. Доколку не ги исполнуваат условите своите амбиции да ги продолжат во законски и институционални рамки како и сите граѓани, пишува во огласот на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Тројцата професори кои 21 ден штрајкуват со глад, се изненадени од овој потег на Универзитетот. Велат целата потребна документација е во архивата, и ректорската управа има пристап до неа. Сметаат дека на овој начин се злоупотребуваат средствата на универзитетот.

„Нашата документација е кај нашиот работодавач и ние ја имаме доставено согласно распишаните Конкурси на 02.02.2014 година. Доставената документација е согласно критериумите кои ги има објавено Универзитетот во Конкурсите, а кои се содржани во Законот за високото образование, со цел оценка на исполнетоста на условите за избор во повисоко звање – вонреден професор“, вели Александар Костадиновски.

-Се што бара ректорската управа од нас ние го имаме исполнето. Рецензентските комисии имаат изготвено Реферати – Извештаи и Табели (чек листи) за исполнетост на критериуми кои се едногласно потпишани од сите членови на Рецензентските комисии. Овие Реферати и Табели се контролирани од Универзитетско тело, формирано од Ректорот. Ова Универзитетско тело има дадено позитивно мислење и врз таа основа Рефератите беа објавени во Универзитетски Билтен бр. 124 од 15 мај 2014 година, додава Костадиновски.

Инаку рецензентските извештаи и целокупната документација слободно може да се најде и на веб страницата на Универзитетот. Мислењата на рецензентските комисии заедно со бодовите се објавени во Универзитетскиот билтен бр. 124. Таму јасно се гледа дека професорите врз основа на доставената документација ги исполнуваат условите да бидат унапредени во повисоки звања.

Според правилникот да бидат избрани од наставно- научна работа и објавени научни трудови треба да имаат најмалку 75 бодиви, професорите имаат неколку пати повеќе.

Според рецензентските извештаи објавени во Универзитетскиот билтен, доц д-р Александар Костадиновски има 412,4 бодови, доц д-р Крсте Шајноски 279, 9, а доц. д-р Маргарита Матлиеска има 235 бодови.

Јавниот оглас е прва реакција на Универзитетот „Гоце Делчев“ откако и правните застапници на тројцата професори кажаа дека Универзитетот на постапил по решението на Државниот просветен инспекторат.

-Универзитетот треба решението да го врати во фаза пред гласање пред Наставно-научниот совет, а не да се враќа постапката на почеток со реобјавување на рецензентските извештаи, рече Дејви Давидовски, адвокат.

Здравствената состојба на професорите од ден на ден се влошува, тие речиси секојдневно добиваат инфузии, а имаат и вртоглавици и проблеми со притисокот.

Зад барањата на тројцата професори застана и СОНК. Тие утре во пет до 12 организираат протест, а во регионалните канцеларии 50-ина синдикалисти штрајкуват со глад.

Тројцата универзитетски професори почнаа штрајк со глад откако наставно-научниот Совет и покрај тоа што ги исполнуваа условите не ги избра во повискои звања, а на истата седница беше изгласано тие да не останат ниту на сегашните работни позиции. Се уште не ги добиле одлуките од Наставно-научниот совет на Економскиот факултет, а според Законот за високо образование на 2-ри Август истекува и рокот од шест месеци предвиден за избор во повисоко звање, по што автоматски и покрај констатираните неправилности од Државниот просветен инспекторат постапката почнува од почеток.

„Ние се надеваме дека до Утре Ректорската управа ќе му наложи на деканот на Економскиот факултет да го свика Наставно-научниот совет и да постапи по решението на Државниот просветен инспекторат“ ,вели Крсте Шајноски.

За време на штрајкот со глад никој од ректорската управа не ги посети професорите. Но тие велат дека добиваат подршка од свои колеги, кои се плашат јавно да зборуваат.

Поддршка им стигнува и од граѓани, кои речиси секојдневно ги посетуваат.

„Желба да истраеме ни даваат таквите примери како Трајче Арсовски од велешка Чашка кој со велосипед возеше три часа во еден правец само да ни ја пружи својата подршка“, велат професорите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.