НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Текстилните работнички страдаат од покачен крвен притисок и нарушен вид

0
By НОВА ТВ Balaban on March 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седеш на машина, шиеш, кичмата вкочена, на кој и да кажам – никој не верува, или стоиш на нога цел ден, нозете болат, притисокот варира и никој не ти верува, а мораш да работиш, вели Костадинова

Една третина од текстилните работнички имаат потврдена медицинска дијагноза, а останатите се во ризик. Најчести здравствени проблеми со кои се соочуваат се видот, крвниот притисок и кардиоваскуларните заболувања, покажаа резултатите од првото професионално истражување од „Гласен Текстилец“ од Штип и тимот на експерти.

– Кај секој вработен во текстилната индустрија се регистрираат дури три различни оштетувања и промени во здравствената состојба. Резултатите ни покажаа дека најмногу проблеми имаат со видот, потоа доаѓа зголемениот крвен притисок, анемиите и кардиоваскуларните заболувања, вели д-р Елисавета Стикова, универзитетски професор на Медицинскиот факултет во Скопје, која е дел од тимот што ја изработи анализата „Безбедност и здравје при работа во македонската текстилна индустрија“.

Работничката Снежана Костадинова вели дека дел од работниците осум часа седат на столче, свиткани се на само 30 сантиметри од машината, а другиот дел стојат во едно место.

– Седеш на машина, шиеш, кичмата вкочена, на кој и да кажам – никој не верува, или стоиш на нога цел ден, нозете болат, притисокот варира и никој не ти верува, а мораш да работиш, вели Костадинова.

Се вели дека работничките почесто заболуваат во однос на колегите од машкиот пол.

Според претседателот на Македонското здружение за здравје при работа,  Милан Петковски, текстилната индустрија во вакви услови може да издржи уште десетина години.

-Она што не го гледаме е дека на овие работници, им се влошува здравјето. На тие работници им се одземаат денови од животот кои би требало квалитетно да ги живеат, изјави Петковски.

Студијата „Безбедност и здравје при работа во македонската текстилна индустрија“ ја направи „Гласен текстилец“ преку анкета на текстилните работнички, а цел на истражување беа 6.000 резултати од систематски прегледи на текстилни работници.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“- Штип вели дека ова е прво вакво посериозно истражување за професионалните болести на текстилните работнички. Како проект го сработиле заедно со невладина организација од Албанија.

Елисавета Стикова заболување страдаат текстилна работничка шиеш
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив денешниот ден го прогласи за Ден на жалост – Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

Главниот украински град го прогласи 25 април за ден на жалост за 12-те лица убиени…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.