НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Ковачевски од Брисел: Сите сојузници на НАТО се обединети и ќе понудиме поддршка за народот на Украина

0
By Ivana on March 24, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес сите сојузници на НАТО се обединети и ќе ја понудиме нашата поддршка за народот на Украина, изјави премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на вонредниот НАТО cамит на шефови на држави и влади.

– Ќе останеме обединети и Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со Европската Унија и ги донесовме сите одлуки усогласени со земјите членки на НАТО и на ЕУ со цел да го одвратиме она што путинова Русија го прави во Украина а во насока да им помогнеме на украинците. Исто така ги донесовме сите потребни одлуки во земјата за да ги прифатиме сите бегалци кои што би побарале засолниште во нашата држава, рече Ковачевски.

Шефовите на држави и влади на 30-те земји членки на НАТО се состануваат денеска во Брисел за да ги координираат следните одговори на војната во Украина и руската агресија.

Премиерот Димитар Ковачевски, но и претседателот на САД, Џо Бајден, како и сите останати лидери на Северноатлантската алијанса пристигнаа вчера во Брисел за денешниот вонреден самит на НАТО.

Тие ќе разговараат за состојбата во Украина, еден месец по стартот на војната, зајакнувањето на одбраната на НАТО членките, но и улогата на Кина во оваа криза, најави вчера генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Како што најави Столтенберг вчера лидерите ќе разговараат за испраќање на нови борбени групи на истокот на Алијансата, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка, за да се засили присуството на земјите сојузнички во соседството на Русија, кои стравуваат од евентуален руски напад на нивна територија.

НАТО јасно стави на знаење дека секој напад врз нејзина земја членка веднаш ќе го активира членот пет на Алијансата и ќе доведе до одговорот на сите останати земји на Алијансата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

ВЕСТИ August 16, 2025

САД ѝ понудија на Украина безбедносни гаранции слични на оние според Член 5 на НАТО,…

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

August 16, 2025

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.