И годинава улица Македонија во центарот на Скопје блесно во златно-жолт сјај, почнаа Деновите на медот. Производителите упатуваат на проблемот со кој се соочуваат а тоа се „лажните медари“ кои на граѓаните наместо мед им продаваат сируп.
Цената на тегла цветен или ливадски мед, велат тие е 500 денари додека оној од костен, 600 денари.
Жално е велат медарите, што граѓаните поради стандардот и натаму медот го консумираат како лек а не како производ кој треба да е секојдневно присутен во исхраната.