НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескпертите контра Народна банка: Економијата не закрепнува, туку загрижува

0
By Биљана Секуловска on August 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овонеделните заклучоци на Народната банка дека домашната економија и натаму засилено закрепнува, како и оптимистички прогнози за нејзино придвижување, за дел од експертите се прикривање на вистинските состојби, кои всушност се загрижувачки, а се прикриваат и премолчуваат, што претставува опасен тренд кој може да експлодира во големи размери.

Реални показатели за закрепнување на една економија, велат поранешните министри за финансии Џевдет Хајредини и Никола Поповски, претставуваат состојби кои граѓаните позитивно ќе ги почувствуваат и ќе закрепнуваат и самите тие, а фактите говорат за драматичен пад на стандардот, огромна невработеност и сиромаштија, додека продолжува трендот на енормно задолжување со кредити од страна на Владата, за да го полни испразнетиот Буџет и со тоа дополнително да се проблематизира ионака девастирааната економија на Македонија и иднината на самите граѓани.

Џевдет Хајредини, како поранешен министер за финансии предупредува дека најважните теми- невработеност, мали плати и сиромаштија не се воопшто тема за која Богов би требало да говори, како и да е загрижен за кредитите кои ги зема Владата и благодарение на енормните задолжувања го полни Буџетот.

-Имам впечаток дека гувернерот Димитар Богов не делува независно. Тој се става од ден на ден во функција на она што го сакаат премиерот Груевски и министерот Ставревски. Нема воопшто потреба од често давање на изјави во фукција на она што всушност го работи Владата.
Нема здрави точки за ова тврдење, затоа што нема реално подобрени чекори. Ние 8 години немаме очигледна позитивна промена за невработеноста. Она што се изјавува од страна на премеирот и Владата за невработеноста е обична манипулација. Ставовите на Богов се конвергентни со оние на Груевски и Ставревски. Никој не верува во пиши- бриши невработеност.
Нека излезе гувернерот Богов и нека каже дека имаме најниски плати на Балканот еднакво како и најниски странски инвестиции. Гувернерот не наоѓа за сходно да говори за најниските плати, за сиромаштијата и странските инвестиции кои се најмали во регионот.
Освен тоа, Буџетот се полни со кредити- зошто и за ова гувернерот Богов не излезе да предупреди, за овој загрижувачки тренд, аргументира екс- министерот за финансии Хајредини.

Никола Поповски, поранешниот министер за финансии слично како и Хајредини, вели дека Народната банка не споменува исклучител но важни индикатори како што се животниот стандард, платите и сиромаштијата:

-Народната банка би требало да биде многу повнимателна и понезависна во давањето на оценките и прогнозите за економската состојба во Македонија, а не да ги повторува и да ги прави уште порозови владините оценки за состојбите и перспективите.

Илузорно е НБ да тврди дека оваа година економијата ќе закрепнува а истата оценка ја даваше лани дека економијата закрепнала во однос на 2012 година.
Второ, навистина е чудно да се тврди дека економијата закрепнува врз основа на неколку изолирани показатели за состојбата во економијата, а цел сет на други индикатори да се премолчат или игнорираат.

На пример- веќе неколку години платите во РМ реално се намалкуваат и тоа го потврдува Заводот за статистика; стандардот на населението се намалува а индикаторите за нивото на сиромаштија не се подобруваат- тоа не може да се случи во економија што закрепнува. Од друга страна, НБ тврди дека извозниот сектор ќе биде двигател на закрепнувањето но не може да објасни или не сака да објасни зошто веќе петта година по ред нашата економија бележи трговски дефицит во размената со светот кој е поголем од 2 и пол милијарди долари годишно, односно нашиот дефицит е нешто поголем од 20 проценти од БДП.

Економиите што имаат извозни успеси го намалуваат својот трговски дефицит а кај нас тоа очигледно не е случај. Тоа кажува многу и за плодотворнсота на наекои од странските дитектни инвестици.Тие тврдат дека се целосно извозно ориентирани, но никако да го намалт трговскиот дефицит во земјата, што укажува на фактот колку се тие извозно ориентирани, исто толку се увозно ориентирани, а остатаокот од економијата паѓа во се поголема увозна зависност.

Тоа исто така не укажува на закрепнување на економијата и на нејзиниот извозен сектор. Конечно, нашата економија се повеќе се гуши или се дави во внатрешна неликвидност при едновремен пораст и на јавниот долг на државата и на приватениот долг на фирмите кон странство,

Ваквите податоци укажуваат на економија која станува многу кредитно зависна од странство,а не од своите сопствени заштеди и сопствени сили, вели Поповски.

Екс-министерот за финансии бара од Владата да се изјасни околу загриженоста на ММФ а која се однесува на големиот вкупен јавен долг :

Сосема на крајот, НБ треба да соопшти и кој е нејзиниот став по повод последниот извештај на ММФ, од пред 4 дена, во кој ММФ сооштува вкупниот јавен долг се приближил до 44% од БДП, што е многу повисоко од тоа што НБМ и Владата го сооопштува дека е- 34% од БДП.

Народната банка не ни соопштува ниту како изгледа закрепнувањето на домашната економија во услови кога буџетскиот дефицит постојано расте а владата најави и дополнителен деифицит со ребаланс кој се финансира со евро-обврзница од 500 милиони евра. Врз основа на сето ова треба со резерви да се примат на НРБМ кои се повеќе во служба на владината промоција, отколку во служба на вистината на економијата, образложува Поповски.

Што се однесува до најавите дека малите и средни претпријатија ќе плаќаат повисок ДДВ и аргументацијата на Владата дека станува збор за барање на овие фирми, како и тоа дека нема да бидат конкурентни и атрактивни ако не плаќаат поголем данок, екс- министерот за финансии Поповски ги отфрла овие аргументи како неосновани:

-Оваа мерка е насочена во корист на полнење на Буџетот а на штета на малите фирми кои имаат промет. оние кои имаа промет до 2 милиони досега не беа обврзници, а сега ќе бидат законски да плаќаат ДДВ со што ќе се зголемат нивните трошоци и мерката ќе биде на корист на големите компании кои ќе имаат полесно администрирање на ДДВ- то. Не е точно дека нема да бидат конкурентни и атрактивни како што вели Владата, образложува Поповски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.