Вашингтон: Министерството за одбрана на САД ќе обезбеди 19 милиони долари за зајакнување на силите за безбедност на Украина, објави Интерфакс.
„Прес секретарот на Министерството за одбрана на САД адмирал Џон Кирби изјави дека парите ќе бидат обезбедени за подготовката на т.н. Национална гарда на Украина. Особено, американската армија планира да обучи и еден тактички штаб на украинската Национална гарда “, се наведува во соопштението на Пентагон.