Првите резултати од добиени од дешифрирањето на црните кутии на малезискиот патнички авион „Боинг 777“, покажуваат дека во текот на летот немало „вонредна ситуација“, објави “Nju sandej tajms”.
Повикувајќи се на извор од меѓународните експерти кои ја истражуваат причината за несреќата, во текстот пишува дека последниот разговор во пилотската кабина бил со контролата на летање и во разговорот немало ништо чудно.
„Досега се знае дека последниот глас што се слуша, не е на пилотот“потенцира изворот не наведувајќи други детали од истрагата.
Нaредната недела се очекува да бидат објавени прелиминарни податоци за причината на трагедијата во која загинаа 298 патници и членови на екипажот.
Авионот на “Malezija erlajnz” кој леташе на релација Амстердам-Куала Лумпур, се урна на 17 јули во Донјецката област, на исток на Украина.