Буркина Фасо не е подрачје кое е често посетувано од страна на туристите, но фотографиите од селото кое е распослано на еден рид со поглед на саваната во Западна Африка импресионираат со својата убавина.
Станува збор за земјена архитектура во кружен комплекс на површина 1,2 хектари. Тоа е резиденцијата на шефот, на кралскиот двор и благородништвото на народот Kassena кои први се населиле во регионот во 15 век, што ги прави една од најстарите етнички групи во Буркина Фасо.
Ова се ретки фотографии од Rita Willaert направени при нејзиното патување во Tiébélé во 2009-та година.
Селото е исклучително изолирано, најверојатно за да си го заштити интегритетот и локалните традиции.
Патувачкиот блогер, Олга Ставракис, исто така, го посетила местото во 2009 година и се сеќава на нејзината посета. Таа пишува:
„Тоа беше процес на долги едногодишни преговори при што ни беше дозволено да влезиме во кралската палата . Таму не чекаа сите старци од селото и благородништвото. Во секое село има муслимани и animists (локални религии) и никој не се грижи многу, којво што верува. Сепак, однапред ни беше кажано дека не смееме да носиме ништо црвено, ниту чадор бидејќи само главно благородничко семејство ја има таа привилегија. Доколку го сторевме тоа , тоа ќе бешеголема навреда за нашите домаќини “