НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малолетничките во затворот Идризово оставени без лекарска грижа

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: pbs.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот воспитно-поправен дом во тетовското село Волковија е речиси празен, а малолетнички спрема кои се применуваат  воспитни мерки се сместени во женското одделение во затворот „Идризово”, иако  не смеат да се таму, затоа што се загрозени од возрасните, предупреди народниот правобранител Насер Зибери кој денеска го презентираше годишниот извештај за работата на Омбудсманот.

Тој најави дека ќе бара од надлежните во затворот „Идризово“ да се преместат девојчињата во тетовскиот поправен дом во кој се сместени 22 деца и момчиња. Зибери забележа и дека од почетокот на годинава не бил одржан  ниту еден училишен час во домот. Народниот правобранител вели дека за ова е одговорно Министерството за образование кое од една страна го прекршува законот за основно и за средно образование,а  од друга не им овозможува ресоцијализација на младите сместени во домот.

-Малолетничките кои се во женскиот дел на затворот Идризово не се во иста просторија со возрасните осуденички, но тие сепак се во непосредна близина до жените осуденички и се загрозени од нив, рече Зибери и реагираше што овие малолетнички немаат пристап до лекар кој како што објасни интервенирал само во затворениот дел на затворското одделение.

Зибери денеска информираше дека најголем број претставки се однесуваат на правосудство, а дека една третина од вкупниот број претставки се за постапките со извршителите и превисоките камати.

Тој реагираше дека камататите се голем товар за граѓаните и дека е недозволиво да бидат и до три пати повисока од основниот долг, па затоа најави дека ќе поведе постапка да се усогласи каматата најмногу до 100 отсто од главниот долг.

Според Зибери не смее во една држава како нашата која се декларира како социјална да има граѓани кои цел живот се должници кон доверителите, поради ниските примања и превисоките камати.

С.М.

 

лекарска грижа малолетнички
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.