Околу 730 000 Украинци ја напуштиле земјата и заминале во Русија поради конфликтот во источна Украина, соопштил директорот на европското биро за управување со комесаријатот на ООН за бегалци, Винсент Коштел.
Коштел цитиран од „Ројтерс” истакнал дека бројот на луѓето кои ја напуштиле Украина, е многу поголем отколку порано се претпоставувало.
Податоците не вклучуваат сезонската динамика, во рамките на која луѓето ја преминуваат границата со цел трговија или туризам.
„Сите 730 илјади” плус во споредба со други години. Тие не се туристи.Ги видовме на границата, исто како и во секој друг конфликт. Понекогаш ја преминуваат границата пеш, со пластични кеси. Многу од нив се потонати во беда”, објаснил Коштел.
Други 117 илјади лица се внатрешно раселени во самата Украина – број кој секој ден се зголемува со дополнителни 1 200 луѓе.
Руските миграциони служби изјавија дека оваа година добиле молби од околу 168 илјади лица,кои избегале од Украина. Кошател изјави дека во 730-те илјади лица влегуваат и луѓето кои побарале заштита од Русија.