Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неколку ромски семејства повторно се соочуваат со можноста да живеат под отворено небо

0
By Mirjana on March 30, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 30, 2022 15:53

Ромските семејства кои пред две години беа дислоцирани од под тврдината Кале и згрижени во привремените живеалишта во прифатниот центар во Визбегово, се соочуваат со можноста да останат на улица откако примиле допис од Министерството за труд и социјална политика (МТСП)да ги напуштат овие живеалишта. Рокот за иселување, пишувало во дописот, бил до утре 31 март, во спротивно ќе биле присилно иселени. 

На ова, реагира Хелсиншкиот комитет за човекови права кој како што информира, минатата недела се обратил до МТСП, со барање за изнаоѓање алтернативно решение за овие семејства, но и дека , како што наведуваат „ иако се работи за временски сензитивен проблем, министерството сѐ уште не доставило одговор“.

– Ние не излегуваме од тука. Зошто да нѐ бркаат! Од улица нѐ земале. На улица нашите деца да одат да просат пак, или да крадат“?  – изјавила  Дудие Асан за медиумите, пренесува Хелсиншки Комитет од каде наведуваат дека овие семејства се обидувале да изградат економска независност но дека тоа ќе можеле да го направат тешко без никаква помош од државата во домувањето.

Тона Карева, правна советничка од Хелсиншкиот комитет посочува  дека со нивното иселување, без притоа државата да направи план на кој начин тие понатаму ќе се интегрираат во општеството, овие луѓе ќе завршат буквално на улица, а децата ќе бидат приморани да го напуштат образовниот процес и ќе бидат изложени на постојан ризик како лица бездомници.

Целта на сместувањето на Ромите од Кале во привремените живеалишта во прифатниот центар во Визбегово е да им се помогне во нивно вклучување на пазарот на труд, социјална заштита и здравство, обезбедување на документи за лична идентификација, вклучување на децата во образовниот систем и да се изнајде трајно решение за нивно натамошно домување, со крајна цел нивно извлекување од сиромаштија. Нивното иселување во овој момент без никаков план, наведуваат од Хелсиншки комитет, за помош при домување барем во одреден период по иселувањето од прифатниот центар, експресно ќе ги врати во сиромаштијата во која живееа со години пред да бидат сместени во прифатниот центар. Овие семејства ќе останат на улица со малолетни деца, со сите ризици кои ги носи бездомништвото и сиромаштијата, наведуват од Хелсиншки комитет. 

 

 

 

 

 

Ромски семејства под закана да се вратат да живеат на отворено
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.