Теута Арифи, поранешна градоначалничка на Тетово, ќе биде нова македонска амбасадорка во Европската Унија (ЕУ), Виктор Димовски од Агенцијата на национална безбедност ќе оди на амбасадорска мисија во Париз, додека владиното кадровско решение за Вашингтон е Зоран Попов. Ова биле дел од предложените кандидати за пополнување на дел од испразнетите дипломатско-конзуларни претставништва на земјава во странство кои минале на вчерашната седница во Владата.
Актуелниот конзул во Минхен, Реџеп Демири ќе добие прекоманда во Берн, Швајцарија, Дритон Кучи ќе замине на функција во амбасадата во Осло, Норвешка, а Едмонд Адеми ќе биде нов македонски амбасадор во ОБСЕ во Виена.
Македонски амбасадор во Белгија ќе биде Мето Белески.