Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветар од јужен правец. Утринските температури ќе биде во интервал од 5 до 10 степени, а дневните од 14 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец. Утринската температура ќе биде до 7 степени, а дневната ќе достигне до 19 степени.
Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На повеќе места утре ќе дува засилен јужен ветар кој ќе достигне брзина и над 60 км./ч. Особено нестабилно ќе биде во петок кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град.
Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.