Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во државава за учебната 2022/2023 година објави денеска Министерството за образование и наука (МОН).
Слободни се 2.555 места во 18 ученички домови во 14 градови. Во пет ученички дома во Скопје се слободни вкупно 808 места.
Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталотhttp://e-
Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во втора, трета и четврта година почнува од 24 јуни и ќе трае до 1 јули 2022 година, а за учениците кои се запишани во прва година електронското пријавување ќе биде од 1 јули до 8 јули 2022 година.
Во објавениот Конкурс се наведени условите за прием во јавните ученички домови, потребните документи и начинот и постапката за прием.