„Маршот на видливоста“ почна пред Владата, а заврши пред Законодавниот дом.
Со мирен марш од Владата до Собранието на РСМ, активисти и поддржувачи на трансродовите лица упатија порака до надлежните институции за унапредување на правата на трансродовата заеница во земјава. Меѓу другото, од Владата побараа во најскоро време да го врати до Парламентот, Законот за водење на матична евиденција и ги повикаа пратениците да го поддржат.
„Иако декларативно државата се залага за унапредување на човековите права, во суштина и во пракса прави сè да не го признае најосновното човеково право на трансродовата заедница – правото на сопствен идентитет, со што оваа заедница не е во можност да остварува какви било права во државата и има сериозно ограничен пристап до институционални услуги“, рече Лила Милиќ од Граѓанската иницијатива „Трансформа“.
Со маршот, активистите посочија дека и овие лица заслужуваат безбедност, рамноправност и почит кон нивниот идентитет како и сите други граѓани.