Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпишал указ кој е со важност од утре а се однесува на купувањето на руски гас и на кој начин и со која валута може да го направат тоа земјите кои тој ги стави на листата „непријателски земји“.
Како што соопшти Риа Новости, во указот било наведено дека тој што сакал да купи руски гас од утре требало да има отворена сметка во некоја од руските банки.
„Ние им предлагаме на партнерите од тие земји јасна и транспарентна шема. За да купат руски природен гас, треба да отворат сметки во рубљи во руските банки. Токму од овие сметки ќе се исплатува гасот што ќе се испорачува од утре, 1 април оваа година“ изјавил Путин при потпишувањето на указот.