НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неизвесно е покачувањето на платите во образованието – Владата вели се анализира буџетот

0
By Biljana on April 2, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на најавениот штрајк на просветните работници, кој ќе почне на 11 април, Министерството за образование и наука, заедно со Владата и со Министерството за финансии прават анализи на буџетот за можно зголемување на платите во образовниот сектор.

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360“ на ТВ Алсат-М, истакна дека дијалогот со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) продолжува.

„Разговарав со претставници на советот на Народната Банка, од причина што доколку ги зголемите платите колку што е вкупно барање на синдикатите, тоа може да произведе дополнителен инфлаторен притисок. А дополнителен инфлаторен притисок ќе значи дека и платата која ќе ја добијат работниците, таа после многу кратко време нема да вреди. Ако се зголеми инфлацијата тогаш обврската на Народната Банка е да интервенира преку зголемување на каматните стапки, што значи дека и долговите кои што ги имаат тие граѓани на тековни сметки на кредитни картички со зголемувањето на каматните стапки, ќе се зголемат и нивните обврски за плаќање. Затоа мора да се балансира решението помеѓу она што го бара синдикатот и она што како можност го нуди буџетот“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека Владата со антикризните мерки, како намалувањето на ДДВ-то од 5% на 0% на основните прехранбени продукти, им излезе во пресрет на граѓаните да не дозивеат ценовен шок.

„Граѓаните ќе мораа месечно да плаќаат по 1.500 денари плус, доколку не беше намалувањето на ДДВ-то на енергенсите на нафтата и нафтените деривати, само по тој основ без намалување на акцизата секој граѓанин на просечна потрошувачка пресметано ќе плаќаше 300 денари повеќе секој месец, кај електричната енергија доколку не се направеше субвенционирање на производството на електрична енергија и на цената на која што ја плаќаат граѓаните значи 80% ја субвенционира државата, сметките за струја на секое семејство ќе беа за 2.150 денари повисоки“, истакна Ковачевски.

Во интервјуто, тој се осврна и на пописот, посочувајќи дека тоа е статистичка операција, а не етничка, ниту политичка операција, и оти државата го спроведе со цел да ги имплементира своите економски и развојни политики врз основа на бројки.

Во однос на етничката застапеност и намалувањето на бројот на населението, Ковачевски вели дека тоа било исто распределено кај сите етнички заедници, и дека тоа е заедничко за сите земји од Балканот.

„Затоа овој попис е од значење за да креираме економски политики кои што ќе се свртат кон човечкиот капитал, кон инвестициите и кон отворање на поголеми можности, особено за младите да останат во земјата“, рече Ковачевски во емисијата „360“.

Пописот, вели, бил спроведен врз основа на методологија која што е одобрена од страна на „Евростат“ и со присуство на експерти од ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.