НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екстра меин: Во нашите производи нема листерија

0
By Менче Атанасова Точи on August 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите производи, вклучително и сецканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 Целзиусови степени, што значи загарантирано се уништува бактеријата листерија, се вели во одговорот на компанијата Екстра меин од Куманово.

Од компанијата тврдат дека од почетокот на годинава, според редовниот план за мострирање, земени се 158 мостри од производи и 112 брисови (69 од машини и работни површини и 43 од работници). Сите добиени резултати се нагативни на присуство на каква било бактерија.

”Не е можно од нашата компанија да излезе термички необработен производ. Сите производи, вклучително и сецканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 Целзиусови степени, што загарнатирано ја уништува бактеријата листерија.. Дополнително, компанијата подлежи на константни контроли на квалитетот на производите и го има имплементирано и спроведува HACCP системот за контрола на квалитет. Поседуваме редовен план за мостирање на готов производ, согласно со законските прописи, редовен план за земање на брисеви, како и сопствен систем за контрола со помош на уред кој детектира присуство на органска материја. Трите вонредни контроли во нашата фабрика во изминатите десет дена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за здравство на целокупната HACCP документација и хигиенотехничките норми во објектот не покажаа никакви неправилности. Сите земени брисови и мостри од Екстра Меин се негативни.” – изјавија од компанијата, од каде што и најавија дека ќе побараат суперанализа од Агенцијата за храна и ветеринарство за наведениот производ, во реномирана светска институција, како на изолат, така и на типизација.

Менаџментот на Екстра Меин посочува и на фактот дека мострата со бактеријата е пронајдена во производите во малопродажен објект, за кој компанијата не може да гарантира на кој начин биле чувани производите, дали била можна девакумација на истите и дали во тој случај тие дошле во контакт со други производи кои ја содржеле бактеријата.

”Ние како компанија ќе ги почитуваме препораките на АХВ и Министерството за здравство и активно ќе соработуваме со нив се до откривање на вистинскиот причинител на болеста. Стоиме на располагање на сите заинтересирани страни да им дадеме увид во комплетната документација, се со цел да се уверат во транспарентното работење на нашата компанија”, додаваат од Екстра Меин.

Запрени се погоните за производство на сувомеснати производи, а од маркетите се повлечени производите на оваа компанија. Продавницата на Екстра меин во Куманово е исто така затворена.

Која е компанијата што се занимава со производство на месна индустрија која се посочува како главен виновник за опасната листерија што одзема четири животи, а уште толку се заразија?

Кумановци велат дека станува збор за семејна фирма, со десетгодишно постоење во чии производи имале голема доверба. Сопственик е четириесетгодишниот Благоја Бјадовски-Бајдо. Неговиот татко ја основал фирмата, а по неговата смрт со неа стопанисува синот. Компанијата Екстра меин има голема мрежа на продажба, а нивните производи можат да се најдат во сите поголеми маркети во државата. И на нивната интернет страна стои дека работат според НАССР стандарди.

НОВА го контактираше и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски кој изјави дека не знае што се случува, но нагласи дека Екстра меин е една од најдобрите компании за сувомеснати производи во земјата.

-Се работи за еснафска фирма која работи според НАССР стандарди. Знам дека често имаа инспекциски контроли и досега немало никакви проблеми, изјави Дамјановски за НОВА.

Градоначалникот Дамјановски нагласи дека семејството кое раководи со компанијата не е инволвирано во политиката и досега не се декларирале дека припаѓаат на некоја партија, си ја гледале само работата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.